Псалми 111
111
ПСАЛМ 111
Блажени се милостивите и оние кои се бојат од Бога
1 #
1,1-2; 127,1 Алилуја! Блажен е човекот што се бои од Господа,
по заповедите Негови прекумерно ќе копнее.
2 #
24,13; 36,26; 101,28 Силно ќе биде неговото потомство на земјата,
поколението на чесните ќе биде благословено.
3 #
110,3; Изреки 3,16 Слава и богатство има во домот негов
и правдата негова останува во вечни векови.
4 #
36,6; 96,11; 110,6; Ис 58,10; Јов 22,28; Изреки 13,9 Во темнината засветли светлина за чесните;
тој е милостив, милосрден и праведен.
5 #
36,21.26; Изреки 14,21; Лк 6,35 Добар е човекот што милува и позајмува;
своите зборови ќе ги устројува со суд,
6 #
14,5
зашто довека нема да се поколеба.
Во вечен спомен ќе биде праведникот.
7Од злобни гласини нема да се уплаши;
неговото срце е подготвено да се надева на Господа.
8 #
117,7
Се утврди срцето негово,
нема да се исплаши додека ги гледа непријателите свои.
9 #
74,10; 88,17; 91,10; 2 Кор 9,9 Раздели, им даде на бедните;
неговата праведност останува во вечни векови,
рогот на силата негова ќе се возвиши во слава.
10 #
34,16
Ќе види грешникот и ќе се разгневи,
со забите свои ќе крцка и ќе се топи;
желбата на грешникот ќе пропадне.
Селектирано:
Псалми 111: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

: