Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4

4
Примерот на Авраам
1 # Ис 51,1-2 Тогаш што ќе речеме за нашиот татко Авраам, што открил според телото? 2#2,17Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога. 3#4,9; 1 Мојс 15,6; Гал 3,6-9; Јк 2,20-24Впрочем, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“ 4#11,6; Мт 20,1-16; Лк 17,7-10На оној што работи, платата му се смета не како милостина, туку како должна отплата. 5#Гал 2,16А на оној што не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност. 6Така и Давид го нарекува блажен човекот кому Бог му ја вбројува пра­ведноста, независно од делата, велејќи: 7#Пс 31,1-2„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени; 8блажен е човекот кому Господ не му го смета гревот!“ 9#1 Мојс 15,6А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност. 10А кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието. 11#1 Мојс 17,9-14; Гал 3,7-9И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведноста што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за самиот да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се вброи во праведност, 12и да им биде татко на обрезаните кои не се само обрезани, туку и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, која тој ја имаше пред обрезанието.
Божјото ветување се остварува преку верата
13 # 1 Мојс 18,18; 22,15-18; Гал 3,15-16 Бидејќи ветувањето кон Авраам или кон неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не беше дадено преку Законот, туку преку праведноста која доаѓа од верата. 14#Гал 3,18Зашто ако само оние што го имаат Законот се наследници, то­гаш верата е безначајна и ветувањето е поништено; 15#3,20; 7,7-13; Гал 3,10.19-22зашто Законот раѓа гнев; а каде нема Закон, нема ни престап. 16Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, та ветувањето да биде сигурно за целото потомство, не само на она што доаѓа од Законот, туку и на она што е од верата на Авраам, кој ни е татко на сите нас, 17#1 Мојс 17,5; 5 Мојс 32,39; Јн 15,21; Евр 11,19како што е напишано: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и Кој она што не постои го повикува во постоење. 18#1 Мојс 15,5; 17,5Авраам, без да има основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според ре­че­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“ 19#1 Мојс 17,17И не ослабнувајќи во верата, тој не ни помисли дека неговото тело е веќе умртвено, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата на Сара е веќе замрена; 20и во Божјото ветување не се посомнева со неверие, туку се зацврсти во верата, оддавајќи Му слава на Бога, 21#Ер 32,17-24; Лк 1,37наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил. 22#4,3; 1 Мојс 15,6Затоа тоа му се засмета за праведност. 23#10,9; 15,4Но, не само за него е напишано де­ка му е вброено, 24туку и за нас: ќе ни се вброи, ако веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите Исус, нашиот Господ, 25#8,32; Ис 53,4-6; 1 Кор 15,17Кој беше предаден за нашите прегрешенија и беше вос­креснат за наше оправдание.

Селектирано:

Римјаните 4: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се