Римјаните 3
3
1Каква предност имаат Јудејците, или каква е ползата од обрезанието? 2#9,4-5; 5 Мојс 4,6-8; Пс 102,7; 147,8-9; Јн 4,22Голема, на секој начин. Најнапред, зашто навистина ним им беа доверени Божјите слова. 3#Пс 88,30-37; 2 Тим 2,13Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност? 4#Пс 50,4; 115,2Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покажеш праведен во Своите зборови, и да победиш кога ќе си на суд.“ 5#1,18; 1 Кор 9,8; Гал 3,15Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата справедливост, тогаш што да речеме? Да не е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек. 6Никако! Инаку, како тогаш Бог ќе му суди на светот? 7Зашто, ако преку мојата лага Божјата вистина се покаже уште повозвишена, за Негова слава, тогаш зошто и јас сѐ уште сум суден како грешник? 8#6,1.15И не би требало ли – како што некои луѓе хулат на нас и велат дека така учиме – да правиме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.
Никој не е праведен
9 #
1,18–2,29; 3,23; 11,32 И што тогаш, во предност ли сме? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека сите тие се под грев, 10#Пс 13,1-3; 52,1-4како што е напишано: „Нема праведен ниту еден, 11нема разумен, нема кој да Го бара Бога; 12#Проп 7,20сите се отклонија, заедно станаа бескорисни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ 13#Пс 5,10; 139,3„Нивното грло е отворен гроб; со своите јазици мамат; под нивните усни – змиски отров, 14#Пс 10,7устата им е полна со клетва и горчина. 15#Ис 59,7-8#Изреки 1,16Нозете им се брзи за крвопролевање; 16пустош и мака по нивните патишта; 17тие не го познаа патот на мирот. 18#Пс 35,1Страв Божји нема пред нивните очи.“ 19А знаеме дека сѐ што Законот вели, го вели за оние што се под Законот, за да се затвори секоја уста и целиот свет да одговара пред Бога, 20#7,7; Пс 142,2; Гал 2,16зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда никој; бидејќи преку Законот се осознава гревот.
Праведноста се добива преку вера
21 #
1,16-17
А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците. 22#1,17; Гал 2,16Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите што веруваат. Бидејќи нема разлика, 23#3,9; Ефес 2,4-10зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава. 24#Ефес 2,8; Тит 3,7Но оправдувањето им е дарувано, со Неговата благодат, преку откупот во Христос Исус, 25#3 Мојс 16,12-16; Дела 17,30; Ефес 1,7; Евр 9,5.15; 1 Јн 2,2; 4,10Кого Бог Го постави со Својата крв да биде жртва за помирување преку верата, за да ја покаже Својата праведност преку простување на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение, 26#2 Мојс 34,6-7; Ис 48,9; 53,11та да ја покаже Својата праведност во сегашново време, за Самиот да биде праведен и да го оправда оној што верува во Исус. 27#2,17; 1 Кор 1,31; Гал 6,13-14; Ефес 2,9Тогаш, каде е пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Оној на делата ли? Не, туку според законот на верата. 28#5,1; Дела 13,39; Гал 2,16; Ефес 2,9Така, ние сметаме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот. 29Или Бог е само на Јудејците, а не и на незнабошците? Да, и на незнабошците е. 30#4,11-12.16Бидејќи еден е Бог, Кој ќе го оправда обрезанието од вера и необрезанието преку верата. 31#Мт 5,17-19Значи, дали го укинуваме Законот преку верата? Никако! Напротив, ние го утврдуваме Законот.
Селектирано:
Римјаните 3: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023