2 Коринтјаните 8
8
Собирање милостина. Великодушна дарежливост на македонските цркви
1 #
Рим 15,26; 1 Кор 16,5; Гал 2,10 Браќа, ве известуваме за Божјата благодат, дадена на македонските цркви, 2дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; а нивната длабока сиромаштија се прели во богатство на дарежливост. 3#9,1Зашто сведок сум дека тие доброволно даваа според своите можности, па дури и над своите можности, 4#Дела 9,13; 1 Кор 16,1со голема усрдност просејќи го од нас благодатниот дар и учеството во служувањето на светиите; 5и тоа не само како што се надевавме, туку тие најнапред себеси се предадоа на Господ, а потоа, по Божја волја, и нам. 6Затоа го замоливме Тит да го заврши ваквото благодејание кај вас, така како што и го беше започнал 7#1 Кор 1,5И како што изобилувате во сѐ: и во верата, и во словото, и во знаењето, и во секаква грижливост, и во вашата љубов кон нас, така да изобилувате и во таа благодат. 8Ова не го велам како заповед, туку за да ја испитам и искреноста на вашата љубов преку усрдноста на другите. 9#Мт 5,3; 8,20; Фил 2,6-7Бидејќи ја знаете благодатта на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, за вие да се збогатите преку Неговата сиромаштија. 10А за ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои не само што го правите тоа што го почнавте, туку и посакавте да го правите уште од минатата година. 11А сега довршете го започнатото, та, како што бевте усрдни во неговото посакување, така да бидете и во неговото довршување, според можностите. 12#Мк 12,44Зашто, ако се има усрдност, таа е благопријатна според тоа колку некој ја има, а не колку ја нема. 13#7,5; 2 Сол 1,7Затоа не сакам на другите да им биде олеснето, а вам – отежнато, туку да има еднаквост: 14#9,12; Рим 15,26-27вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост, 15#2 Мојс 16,18како што е напишано: „Кој собра многу, немаше вишок; и кој малку, немаше недостиг.“ 16Но Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава грижливост за вас. 17Тој ја прифати мојата молба и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас. 18#Дела 20,4; 1 Кор 16,3; Гал 2,10 Со него го испративме братот кој, за неговото благовестие, е пофалуван по сите цркви; 19и не само тоа, туку беше и избран од црквите за да нѐ придружува во ова дело на благодатта, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и како израз на нашето усрдие, 20пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните прилози, за чие собирање се грижиме. 21#Изреки 3,4; Рим 12,17Зашто ние се грижиме за она што е добро не само пред Господ, туку и пред луѓето. 22Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја испитале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата увереност во вас. 23Што се однесува до Тит, тој е мој другар и сотрудник меѓу вас; а што се однесува до нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава. 24Па така, посведочете им го ним и пред лицето на црквите, доказот за вашата љубов и за оправданоста на нашата пофалба кон вас.
Селектирано:
2 Коринтјаните 8: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: