Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 4:1-10

МАТЕЈ 4:1-10 MKB

Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот. И откако постеше четириесет дни и четири-есет ноќи, најпосле огладне. Тогаш искушувачот Му пристапи и рече: „Ако си Божји Син, кажи овие камења да станат лебови!“ А Тој одговори и рече: „Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.“ Тогаш ѓаволот го одведе во Светиот Град, Го постави на крилото на Храмот, и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се долу; зашто е напишано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, и ќе Те носат на раце, за да не Си ја удриш ногата на камен.’ Исус му рече: „Напишано е повторно: ‘Не искушувај Го Господа, твојот Бог’!“ Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава, и Му рече: „Ќе Ти го дадам сѐ ова ако паднеш и ми се поклониш.“ Тогаш Исус му рече: „Оди си, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, ќе Му се по-клонуваш и ќе Му служиш само Нему!’“