Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 2

2
1А на третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и Исусовата мајка беше таму.
2Ги повикаа на свадбата и Исуса и Неговите ученици.
3Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
4Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
5Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
6Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
7Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
8Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
9А кога старосватот вкуси од водата претворена во вино - а не знаеше од каде е, но знаеја слугите, кои црпеа од водата - го повика младоженецот
10и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.”
11Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на чудесата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.
12Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена.
13И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.
14И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.
15Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.
16А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”
17Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
18Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”
19А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”
20Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?”
21Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.
22Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.
23А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги знаците, што ги правеше.
24Но Самиот Исус не им се доверуваше, зашто ги познаваше сите,
25и немаше потреба некој да Му сведочи за човекот, зашто Самиот знаеше што има во човекот.

Селектирано:

Јован 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност