ИЗЛЕЗ 18:20-21
ИЗЛЕЗ 18:20-21 MKB
Поучувај ги за законите и одредбите; покажувај им го патот по кој треба да одат, упатувај ги во дела што треба да ги вршат. Тогаш, избери од целиот народ способни луѓе, кои се бојат од Бога, и праведни, кои го мразат поткупот, па постави ги за главатари на народот: илјадници, стотници, педесетници и десетници.

