Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 1

1
Опомена за покајание.
1На осмиот ден, во втората година на Дарија, би слово Господово до пророкот Захарија, синот Варахиев, син Адов, велејќи:
2»Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев;
3затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – обрнете се кон Мене, – вели Господ Саваот – и јас ќе се обрнам кон вас.
4Не бидете како што беа татковците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им – ‚вака вели Господ Саваот – одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ.
5Каде се татковците ваши, па и пророците можат ли да живеат вечно?
6Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа татковците ваши? И тие се обраќаа и велеа: како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според патиштата наши, и според делата наши, така и постапи.«
7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец – а тоа е месецот Шеват – во втората година на Дарија, би слово Господово до пророкот Захариј, синот Варахиев, син Адов:
8Во текот на ноќата видов – ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи,
9па му реков – кои се овие, господине мој? А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: »јас ќе ти покажам кои се тие.«
10И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече – »тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.«
11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господен, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа – »ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.«
12Им одговори ангелот Господен и им рече: »Господи Седржителу, до кога нема да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?«
13Тогаш во одговори на ангелот Господен, изрече Господ слова добри, слова утешни.
14И им рече ангелот, кој зборуваше со мене: – извести и кажи – вака вели Господ Саваот – »ревнувам за Ерусалим и за Сион многу;
15и негодувам со големо негодување против народите што живеат во спокој, оти Јас малку се разгневив, тие го засилија злото.«
16Затоа вака вели Господ: »Јас се обрнувам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и земномерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.«
17Извести го уште и за ова, и кажи – вака вели Господ Саваот: »Моите градови одново ќе се исполнат со богатства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.«
18Ги подигнав очите, а тоа, ете, четири рога.
19И му реков на Ангелот, кој зборуваше со мене: што е ова? А тој ми одговори: »тоа се роговите што ги распрснаа Јуда, Израилот и Ерусалим.«
20Потоа Господ ми покажа четири дрводелци.
21Пак реков: што ќе прават овие? А тој ми рече: оние рогови се што го распрснаа Јуда, така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигнаа рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.

Селектирано:

Захарија 1: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност