Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 2

2
Животот во очите на безбожникот.
1Оној што мисли неправилно, вака мудрува во себеси: краток и жалосен е нашиот живот – човекот не може да се избави од смртта; уште икој не познава таков човек, што ослободил некого од пеколот.
2Случајно сме родени, а потоа ќе биде како воопшто да не сме биле; дим е она што го дишеме, а зборот – искра во движењето на наш Ето срце.
3Кога душата изгасне, во прав ќе се претвори телото, а духот ќе се загуби како редок воздух;
4со време ќе се заборави и нашето име, никој нема да си спомне за делата наши; животот наш ќе помине како трага од облак, ќе разијде како магла гонета од зраците на сонцето и отежната од неговата топлина.
5Зашто нашиот живот е како сенка кога ќе помине, од смртта за нас нема враќање: печатот е ставен и никој не се враќа.
6Затоа да се насладуваме од сегашните добра; да брзаме да се насладуваме со овој свет, како и со младоста;
7да се овенчаме со скапоценото вино и со мирисите; пролетниот цвет на животот да не одмине покрај нас;
8да се овенчаме со ружи, пред ружите да свенат;
9никој од нас да не се лишува од учеството во нашта наслада, секаде да оставиме траги од нашата радост: тоа е нашиот дел и нашето наследство.
10Да притеснуваме сиромав праведник, да не жалиме вдовици, да не почитуваме старец, ни неговите многугодишни бели коси.
11Силата наша да биде закон на правдата, зшто она што е слабо – ѕа ништо не е.
12Да поставиме стапици за праведникот, зашто тој ни пречи и се противи на делата наши; нѐ прекорува ѕа гревовите против Законот, нѐ хули за нашите гревови и ѕа наш Ето воспитание;
13се фали дека го познава Бога, син на Господа се нарекува.
14Кога е пред нас – тој е прекор на нашите помисли.
15Тешко ни е да го гледаме; неговиот живот не е ако животот на другите и патиштата негови се различни од нашите;
16за гадотија нѐ смета и бега како од нечистотија од нашите патишта; блажен го нарекува крајот на праведниците, се фали и Бога татко свој Го нарекува.
17Да видиме дали се вистински неговите зборови, да испитаме каков ќе биде неговиот крај.
18зашто, ако тој праведник е син Божји, него Бог ќе го заштити и ќе го избави од раката на непријателите.
19Да го искушаме со навреди и маки, за да ја испитаме неговата смиреност и да ја видиме неговата кротост.
20Да го осудиме на срамна смрт, зашто, според неговите зборови, имало кој да се грижи за него.
21Така умуваа тие, но се измамија, за Што злобота нивна ги беше заслепила;
22тие не ги познаа тајните Божји, не чекаа награда за светост и не веруваа во наградите за; истите души.
23Бог го созадечовекот за вечност и го направи слика на Своето вечно битие;
24но поради завист од ѓаволот смртта влезе во овој свет, а неа ја доживуваат оние што му припаѓаат.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност