Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Мудрост Соломонова 1

1
Да бегаме од гревот.
1Сакајте ја правдата, судии земни, со праведни мисли мислете на Господа, барајте Го во простотата на своето срце.
2Него Го наоѓаат оние, што не Го искушуваат; не им се јавува на оние, шо не веруваат во Него.
3Зашто лажните умувања оддалечуваат од Бога, а искушувањето на Неговата сила ги посрамува безумниците.
4Во лукава душа мудрост нема да влез и нема да престојува во тело што му робувна на гревот;
5зашто Светиот Дух на премудроста се оддалечива од лукавството, ќе се отстрани од неразумни умувања и се засрамува од неправдата Што се приближува.
6Човекољубивиот дух е мудрост; нема да го остави неказнет оној што богохулствува со својата уста; Бог е сведок на неговите внатрешни чувства, вистински гледач на неговото срце и слушател на неговиот јазик.
7Духот на Господа ја исполнува целата вселена и, бидејќи обзема сѐ, го знае секој збор.
8Затоа никој да не говори неправда; нема да се сокрие; праведната одмаза нема да го одмине.
9Зашто помислие на безбожникот ќе бидат испитани, зборовите негови ќе бидат пред Господа, за да бидат избличени неговите беззаконија.
10Зашто увото на љубомората слуша сѐ нема да се сокрие ни гласот на негодувањето.
11Затоа пазете се од некорисното негодување, и пазете го јазикот свој од лоши зборови; зшто ни тајниот зор не минува попусто, а устата што клевети ја убива душата.
12Не забрзувајте ја смртта со зблудите на животот свој; не навлекувајте си пропаст со делата на вшите раце.
13Бог не ја соѕдал смртта и не ѝ се радува на пропаста на живите;
14Он созал сѐ за да живее и сѐ што е во светот е спасоносно; во Него нема отров смртоносен, нема пеколот да владее на земјата.
15Правдата е бесмртна, а неправдата предизвикува смрт;
16безбожниците ја привлекуваат смртта и со раце и со зборови, ја сметаат за пријателка и ослабуваат: со неа сојуз склучуваат, зашто се достојни да бидат нејзин дел.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност