Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плач Јеремиин 5

5
Молитва на угнетениот народ.
1Спомни си, Господи, што нѐ снајде; милостиво погледај и види ја поругата наша!
2Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња;
3останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици.
4водата своја ја пиеме за сребро, дрвата наши ги купуваме со пари.
5На вратот имаме јарем, и нѐ гонат; исцрпени сме и не ни даваат да здивнеме.
6Протегаме рака кон Египтјаните, кој Асирците, за да се нахраниме со леб.
7Татковците наши грешеа: нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие.
8Робовите ни се господари, а нема кој да нѐ избави од рацете нивни.
9Лебот го добиваме со страв – пред мечот во пустињата.
10Кожата ни поцрнела како печка од лут глад.
11Жените ни ги бесчестат на Сион, девојките – во градовите јудејски.
12Кнезовите ги изобесија со свои раце, лицата на старците не ги почитуваа.
13Младичите носеа рачници, а децата паѓаа под товари дрва.
14Старците веќе не седат пред портите; младичите не пеат.
15Се сврши радоста на срцето наше; нашите ора се претворија во тага.
16Падна венецот од нашата глава; тешко нам, што згрешивме!
17Поради тоа и чезнее срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши.
18Бидејќи запусте гората Сион, лисици одат по неа.
19Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род.
20Зошто наполно нѐ забораваш, нѐ оставаш долго време?
21Обрни нѐ кон Себе, Господи, и ние ќе се обрнеме; обнови ги деновите наши како во старо време.
22Зар наполно си нѐ отфрлил, зар без мерка си се разгневил на нас?

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност