Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плач Јеремиин 1

1
Ерусалим тагува и моли за помош.
1Како сам остана градот, некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем меѓу народите; кнезот над областите сега плаќа данок.
2Горко плаче ноќе, а солзите му паѓаат по образите. Од сите оние што го сакаа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го извенерија и му станаа непријатели.
3Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели меѓу незнабошци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го притеснија.
4Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник сите негови порти запустеа; свештениците воздивнуваат, момите негови се нажалени, а и самиот е беден!
5Непријателите негови станаа глава; на противниците негови им е добро, бидејќи Господ испрати врз него тага поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот.
6И отиде од ќерката Сионова сета нејзина слава; кнезовите нејзини се како елени, што не наоѓаат пасиште; обесилени, тие тргнаа пред терачот.
7Се присетува Ерусалим во деновите на својата беда и на своите страдања за сите свои убавини, што ги имаше во поранешните дни, а сега, пак, народот падна од непријателска рака, и нема кој да му помогне; непријателите гледаат на него и се смеат на неговите саботи.
8Тешко згреши Ерусалим, па затоа стана и одвратен; сите што го почитуваа, сега го гледаат со презир, оти ја видоа голотијата негова; и тој самиот воздивнува и го свртува лицето назад.
9Нечистотија имаше по полите негови, но тој не помислуваше за својата иднина, па заради тоа многу се понизи и падна, па нема сега кој да го утеши. »Погледај, Господи, на мојата мака, зашто непријателот се возгордеа!«
10Непријателот пружи рака над сѐ што му беше најдраго; и тој гледа како незнабошците вегуваат во неговото светилиште, за кое си заповедал да не влегуваат во Твојот храм.
11Сиот негов народ воздивнува, барајќи леб, ги дава своите скапцени работи за храна – душата да ја поткрепи. »Погледај, Господи, и види колку сум презрен!«
12Нека не ве снајде ова сите вас, кои врвите по патот. Погледајте и видете – има ли болка каква што е мојата болка, која ме постигна, каква што Господ ја испрати врз мене во денот на Својот пламенен гнев?
13Он испрати оган одозгора во коските мои, и огнот ги опфати; распосла мрежа за нозете мои, ме кутна ничкум, ме направи беден и да тагувам секој ден.
14Јаремот на беззаконијата мои го стегна со раката Своја; тие се испреплеткани и ми се искачија на вратот; Он ја ослаби силата моја; Господ ме предаде во раце, од кои не можам да се подигнам.
15Сите јунаци од мојата средина Господ ги собори; свика против мене собрание за да ги истреби младичите мои, како во каца ја изгази Господ девојката, ќерката Јудина.
16Заради тоа јас плачам: окото мое, окото мое солзи лие, зашто далеку е од мене утешителот, кој би ја оживеал душата моја; синовите мои пропаднаа, бидејќи непријателот ги надвладеа.
17Сион ги протега рацете, но за него нема утешител. Господ заповеда за Јакова, па го опколија непријатели; Ерусалим стана нечистотија меѓу нив.
18Праведен е Господ, зошто не му се покорував на словото Негово. Чујте, сите народи, и погледнете ја мојата болка; момоите мои и момчињата мои отидоа во ропство.
19Ги повикувам пријателите свои, но тие ме измамија; свештениците мои и старешините мои умираат во градот, барајќи храна за да ја поткрепат душата своја.
20Погледај, Господи, оти сум притеснет, утробата моја се буни, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ме остави без чеда, а дома – смрт.
21Слушаат како офкам, а утешител немам; за мојата неволја чуја сите мои непријатели и се зарадуваа, бидејќи Ти го направи тоа; о, да беше му заповедал на претскажаниот ден да дојде, па и тие да станат како мене.
22Нека се појави пред Тебе сета злоба нивна; и постапи со нив како што постапи со мене за сите мои гревови, оти тешки се офкањата мои, и срцето мое малаксува.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност