Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јов 42

42
Јововото покајание. Бог го оправдува Јова и го благословува повеќе од порано.
1Му одговори Јов на Господа и рече:
2»Знам, дека Ти сѐ можеш, и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена.
3Кој е тој, што го помрачува Провидението – со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела, што не можев да ги знам.
4Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го.
5Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат;
6затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел.«
7И потоа, откако Господ му ги изговори на Јова овие зборови, му рече на Елифаза од Темна: »Се разгоре гневот Мој против тебе и против двајцата другари твои, затоа што не зборувавте за Мене вистина, како Мојот слуга Јов.
8Затоа, земете си со себе седум телиња и седум овни, па одете кај Мојот слуга Јов и принесете си за себеси жртва; и Мојот слуга Јов ќе се помоли за вас, зашто само неговото лице ќе го примам, за да не ве отфрлам, поради тоа што не говоревте за Мене вистина, како слугата Јов.«
9И отидоа Елифаз од Темна, Вилдад од Сува и Софар од Нам, и направија како што им заповеда Господ, – а Господ го прими лицето Јовово.
10Му ја врати Господ на Јова загубата, кога тој се помоли за пријателите свои; и му даде Господ на Јова двојно повеќе од она што го имаше пред тоа.
11Тогаш дојдоа при него сите негови браќа и сите негови сестри и сите негови поранешни познати, па јадеа со него леб во куќата негова и му изјавија сочувство, утешувајќи го за сето зло, што Господ го беше допуштил врз него, и секој му даде по еден сребреник и по еден златен прстен.
12И ги благослови Бог последните денови на Јова повеќе од напрешните: тој имаше четиринаесет илјади дробен добиток, шест илјади камили, илјада чифта волови и илјада ослици.
13Имаше и седум синови и три ќерки.
14Првата ја именува Емина, втората – Касија, а третата – Керенкапух.
15По целата земја немаше такви убави жени, како Јововите ќерки; татко им и ним им даде наследство меѓу браќата нивни.
16По ова, Јов живееше сто и четириесет години и доживеа да види синови и внуци до четвртото колено.
17Умре Јов стар и сит од животот.

Селектирано:

Јов 42: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност