Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Битие 25

25
Авраамовиот втор брак, смртта и погребението. Исмаиловото племе. Исав и Јаков. Исав го продава своето првенство.
1А Авраам зеде втора жена, по име Хетура.
2И таа му ги роди Зимрана, Јоксана, Медана, Мадијама, Јесвока и Соијена.
3Јоксан ги роди Темана и Дедана. А Деданови синови беа Рагуил, Навдеил и Асурим, Летусим и Лаудим.
4А синови Мадијамови: Ефа, Ефер, Ханох, Авид и Елдаг. Сите тие беа синови Хетурини.
5А Авраам целиот свој имот му го даде на Исака.
6На синовите, пак, од своите наложници им даде Авраам само подароци, и, уште додека беше жив, ги распрати на исток, во источниот крај – далеку од синот негов Исака.
7А деновите на Авраамовиот живот, што го поживе, беа сто и седумдесет и пет години.
8И откако ослабе, умре Авраам во добра старост, сит од животот, и се прибра во родот свој.
9А го погребаа неговите синови, Исак и Исмаил, во пештерата Макпела, во нивата на Ефрона, синот на Хетеецот Сахар, а која се наоѓаше спроти Мамре;
10во пештерата на нивата, што ја беше купил Авраам од синовите Хетеови, таму беше погребан Авраам со Сáра, жената своја.
11А по смртта Авраамова го благослови Бог Исака, синот негов. Исак живееше, пак, во Беер Лахај Рој.
12Еве го родословот на Исмаила, синот Авраамов, кого му го роди на Авраама Агара Египтјанката, слугинката на Сáра.
13А ова се имињата на синовите Исмаилови, како што ги именуваа во родовите нивни: првенецот Исмаилов е Навајот, па Кидар, Навдеил и Масам,
14потоа Масма, Дума и Маса,
15Хадар, Теман, Јетур, Нафес и Кедма.
16Тоа се синовите Исмаилови, и тоа се имињата според селиштата, шаторите и населбите нивни. Тоа се дванаесетте кнезови над племињата нивни.
17А деновите на животот Исмаилов се сто триесет и седум години. Потоа ослабе и умре, и се прибра при својот род.
18Неговите синови живееја од Евилат дури до Сур, источно од Египет, од каде што се оди во Асирија. Тие се населија спроти сите браќа свои.
19А ова е родословот на Исака, синот Авраамов: Авраам го роди Исака;
20А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерката на Арамеецот Ватуило од Месопотамија сириска, сестра на Арамеецот Лаван.
21И Исак Му се помоли на Господа за жената своја, бидејќи таа беше неплодна; и Бог го чу, па Ревека, жената негова, зачна.
22Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: »Ако биде така, зошто ми е ова?« И отиде да Го праша Господа.
23А Господ ѝ рече: »Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот.«
24И дојде времето да роди, а ете – близнаци во утробата нејзина.
25Излезе синот првенец црвен, целиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав.
26А потоа излезе брат му, држејќи го Исава со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имеше шеесет години, кога ги роди овие Ревека.
27И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и љубител на полето, а Јаков беше човек кроток и престојуваше во шаторите.
28Исак го сакаше Исава, зашто многу му се свиѓаше ловот негов; а Ревека повеќе го сакаше Јакова.
29Еднаш Јаков зготви јадење, а Исав дојде од полето уморен.
30И му рече Исав на Јакова: »Дај ми да јадам од тоа црвеникаво, зошто сум уморен.« Оттаму се нарече Едом.
31Но Јаков му рече на Исава: »Продај ми го денес првородството твое!«
32А Исав одговори: »Еве, сакам да умрам, па што ќе ми е првородството?«
33Но Јаков му рече: »Заколни ми се уште сега!« И тој му се заколна. Така Исав му го продаде своето првородство на Јакова.
34И Јаков му даде на Исава леб и варена леќа, и тој јаде и пи, па стана и си отиде. Така Исав го презре првородството свое.

Селектирано:

Битие 25: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност