Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 12

12
Бој се од Бога!
1И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови и не настанале години, за кои ќе речеш: »Не ми се мили;«
2додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле пак црни облаци по дождот;
3додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силни мажи ќе се подгрбават, кога воденичките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;
4кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе молкне шумот на оние што мелат, и кога човек ќе почне да станува на птичји глас, и ќерките – пеачки ќе замолкнат;
5кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежот, и желбата ќе помине; зашто човекот заменува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица;
6додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.
7И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.
8Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!
9Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри паримии.
10Проповедникот се трудеше да најде убави изреки и точно ги запиша зборовите на вистината.
11Зборовите на мудреците се како острени, и како забиени клинци; зборовите на оние што ги напишаа, дадени се од единствениот Пастир.
12А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е заморно за телото.
13А суштината на сѐ е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот;
14оти Бог ќе изведе на суд секоја работа и што е тајно, било да е добро или лошо.

Селектирано:

Проповедник 12: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност