И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат. А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“ А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“ Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа. Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“
Прочитај Марко 3
Слушни за Марко 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 3:31-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа