Матеј 19:10-15
Матеј 19:10-15 MK2006
А учениците Негови Му рекоа: „Ако е таква должноста на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени!“ Но Тој рече: „Секој не може да го прифати ова учење, туку само оние на кои им е дадено; зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите себе се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“ Тогаш кај Него доведоа деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им забрануваа. Но Исус рече: „Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ И откако ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.

