Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 4:1-13

Лука 4:1-13 MK2006

Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината. Четириесет дена Го искушуваше ѓа­волот. Во текот на тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне. Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ А Исус му одговори: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот (туку и со секој збор Божји).“ Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг си­те царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“ Но Исус му одговори и рече: „(Бегај од Мене, сатано, зашто) напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“ И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу! Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат; и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ И Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за не­кое време.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 4:1-13

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност