А Јосиф го одведоа во Египет. И Потифар, дворјанинот фараонов, заповедник на стражата, Египќанец, го купи од Јишмаелците, кои го доведоа таму. И Господ беше со Јосиф, та затоа беше среќен, и живееше во куќата од господарот свој, Египќанецот. И господарот негов виде дека е Господ со него и дека сѐ што работеше тој, Господ правеше да успева во рацете негови. И Јосиф се здоби со милост кај него, и му служеше. Тој го постави над целиот свој дом, и сѐ што имаше, го предаде во рацете негови. А кога го постави над домот свој и над сѐ што имаше, оттогаш Господ го благослови домот на Египќанецот заради Јосиф; и благословот Господов беше над сѐ, што имаше во домот свој и во полето. И остави во Јосифовите раце сѐ што имаше, и не се грижеше веќе за друго, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со стројна става и со убаво лице.
Прочитај Создавање 39
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 39:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа