Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 5:15-23

Излез 5:15-23 MK2006

И отидоа настојниците на синовите израелски пред фараонот, па извикаа и рекоа: „Зошто постапуваш така со слугите твои? Плева не им се дава на слугите твои, а пак ни се вели: правете тули. И ете, ги бијат слугите твои. Го онеправдуваат твојот народ.“ Но тој им одговори: „Седите без работа, не работите, па затоа велите: ‚Да одиме да Му принесеме жртва на Господ.‘ Затоа сега одете, работете; плева нема да ви се дава, а вие определениот број тули ќе го предавате.“ И настојниците на синовите израелски се видоа во зло, бидејќи им беше речено: „Дневната количина на тулите не смеете да ја намалите.“ А кога излегоа откај фараонот, ги сретнаа Мојсеј и Арон, кои стоеја и ги очекуваа. Па им рекоа: „Бог нека види и нека ви суди што нѐ направивте омразени кај фараонот и кај службениците негови, и им дадовте меч во рацете, за да нѐ убиваат!“ Тогаш Мојсеј се обрна кон Господ и рече: „Господи, зошто го воведе во неволја овој народ? Зошто ме испрати мене? Зашто, откако излегов пред фара­онот и проговорив во Твое име, тој уште полошо постапува со овој народ? Ти не го избави народот Свој!“