А кога се приближи до логорот и го виде телето и игрите, се разгневи Мојсеј: па ги фрли од рацете свои обете плочи, и ги скрши во подножјето на планината. Потоа го зеде телето, што го беа направиле, и го изгори во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата, и им даде од неа да пијат синовите на Израел. И му рече Мојсеј на Арон: „Што ти направи овој народ, та го наведе на толку голем грев?“ А Арон му рече: „Не гневи се, господаре мој; ти самиот знаеш дека овој народ му е наклонет на злото. Тие ми рекоа: ‚Направи ни бог што ќе оди пред нас; бидејќи не знаеме што стана со Мојсеј, со човекот кој нѐ изведе од земјата египетска.‘ А јас им реков: ‚Кој има злато, нека го извади од себе.‘ И го извадија и го донесоа, а јас го фрлив во оган, и го излеав ова теле.“ Кога виде Мојсеј дека тој народ станал необуздан – бидејќи Арон беше допуштил да падне во необузданост, пред очите на нивните непријатели
Прочитај Излез 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 32:19-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа