Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се враќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново. Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас. Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.
Прочитај Проповедник 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 1:7-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа