Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7:23-29

Дела 7:23-29 MK2006

А кога навршуваше четириесет го­дини, нему му дојде на ум да ги посети браќата свои, синовите Израелови. И кога виде дека еден од нив го на­вредуваа, го заштити; одмаздувајќи се за измачуваниот, го уби Египќанецот. Тој мислеше дека браќата негови ќе согледаат дека Бог преку неговата рака ќе им даде спасение, но тие не сфатија. А на другиот ден, кога некои од нив се тепаа, тој дојде кај нив и ги советуваше да се смират, велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа; зошто се навредувате меѓу себе?‘ Но оној што го навредуваше својот ближен, го одби од себе и му рече: ‚Кој те поставил да бидеш началник и судија над нас? Или, пак, и мене сакаш да ме уби­еш, како што вчера го уби Егип­ќа­не­цот?‘ Од тие зборови Мојсеј побегна и се насели како туѓинец во земјата мидјанска, каде што му се родија два сина.