Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 16

16
Лични поздрави
1 # Дела 18,18 Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја: 2примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене. 3#Дела 18,2-3.18.26; 1 Кор 16,19; 2 Тим 4,19Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус, 4кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ните незнабошци и нивната домашна црква. 5#1 Кор 16,15.19; Кол 4,15; Фил 1,2Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја. 6Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас. 7#2 Кор 8,23Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови. 8Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат! 9Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј! 10Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство! 11Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ. 12Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ. 13#Мк 15,21Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка! 14Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив! 15Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии! 16#1 Кор 16,20; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови! 17#Мт 7,15-20; Тит 3,10; 2 Јн 1,7-10Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив! 18#Фил 3,19; Кол 2,4; Тит 1,10-14; 2 Птр 2,3Зашто таквите не Му служат на на­шиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните. 19#1,5.8; Мт 10,16; 1 Кор 14,20Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доб­рото и прости во злото. 20#15,33; 1 Мојс 3,15А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин! 21#Дела 16,1-3; 17,5Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар. 22#Гал 6,11; 2 Сол 3,17Ве поздравувам во Господ и јас Тер­циј, кој го напиша ова послание. 23#Дела 19,22.29; 2 Тим 4,20Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт. 24агодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Селектирано:

Римјаните 16: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност