Псалми 33
MK2006D

Псалми 33

33
ПСАЛМ 33
Треба да се слави помошта Божја и човекот да се учи на страв Господов
1Ќе го благословувам Господа во се­кое време; похвала за Него секогаш ќе има во мојата уста. 2#15,7; 144,1Со Господ ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат. 3Величајте Го Господа со мене, и за­едно да го возвишуваме името Негово. 4Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. 5Кон Него погледнете и разведрете се, и лицата ваши нема да се посрамат. 6Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји. 7Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува. 8#34,5-6; 1 Мојс 32,1-2; 2 Мојс 14,19; 22,20; Ис.Н. 5,13-15Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува! 9#1 Птр 2,3Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им не­достига на оние кои имаат страхопочит кон Него. 10#22,1Осиромашија и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра. 11Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ. 12#Изреки 1,8; 2,1; 3,1; 4,1; 6,1Сака ли човек да живее и да види добри денови, 13нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, 14нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него. 15#36,27Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни. 16#32,18Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Зем­јата споменот за нив. 17Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни. 18Блиску е Господ до оние со скр­ше­но срце, и смирените по дух ќе ги спаси. 19#50,18; Мт 11,29-30Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави. 20Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши. 21Злото му носи смрт на грешникот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат. 22#24,22Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои при­бегнуваат кон Него, нема да биде осуден.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)