Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22

22
Заговорот против Исус
(Мт 26,1-5; 14,16; Мк 14,1-2.10-11)
1 # 2 Мојс 12,1-27; Јн 11,57 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; 2#Ер 26,21; Мт 12,14; 14,5а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. 3#4,13; Мт 10,2-4; Јн 13,2.27; Дела 1,17И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу Двана­есетмината. 4#22,52; Дела 4,1И кога отиде, се договори со прво­свештениците и началниците, како да им Го предаде. 5Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници. 6Тој вети и бараше погодно време, да им Го предаде без присуство на наро­дот.
Приготвување на Пасхалната Вечера
(Мт 26,17-20; Мк 14,12-21; Јн 13,21-30)
7 # 22,1; 2 Мојс 12,14-21; 5 Мојс 16,6-8 Дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне; 8#19,29; 2 Мојс 12,8-11; Дела 3,1па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пас­ха, за да јадеме!“ 9А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ 10Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек што носи стомна со вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, 11и кажете му на домаќинот од ку­ќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со уче­ниците Свои?‘ 12И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ 13#19,32Кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија пасхата.
Последната вечера
(Мт 26,26-30; Мк 14,22-26; 1 Кор 11,23-25)
14 # Мт 26,20 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесетмината со него. 15#12,49-50; Дела 3,18; Евр 2,18И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пос­тра­дам; 16#13,29; 14,15зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“ 17#1 Кор 10,16И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе, 18#Мт 3,2; 6,10зашто, ви велам, нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде цар­ството Божјо.“ 19#9,16; 24,30; 2 Мојс 12,14; 13,9; Дела 27,35; 1 Кор 10,16Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Мо­ето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“ 20#2 Мојс 24,8; Ер 31,31; 32,40; Зах 9,11; Евр 9,20Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
Најавување на предавството
(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21)
21 # Пс 40,9; Јн 13,21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава. 22#Мт 8,20; Дела 2,23Синот Човечки, пак, заминува, спо­ред она што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.“ 23#Јн 13,22И почнаа да се прашуваат меѓу се­бе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
Кој е поголем?
(Мт 18,1; 20,25-28; Мк 9,34; 10,42-45)
24 # 9,46 А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем. 25Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори. 26#9,48; Мт 20,26Вие, пак, немојте така; но пого­ле­миот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слу­га. 27#Јн 13,4-16Зашто кој е поголем, тој што седи на трпеза, или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга. 28#Дела 1,21Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите искушенија, 29#12,32; 2 Мојс 19,6; Евр 9,20; 1 Птр 2,9; Откр 5,10и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, 30#13,28; Мт 19,28; Откр 3,20-21за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.“
Претскажување на Петровото откажување
(Мт 26,31-35; Мк 14,27-31; Јн 13,36-38)
31 # Амос 9,9; Јов 1,6-12; Мт 4,18; 2 Кор 2,11 И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница; 32#2 Цар 15,20-21; Мт 16,18; Јн 17,15; 21,15-17но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ 33#22,54А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ 34#22,61Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, нема денес да запее петелот, додека ти трипати не одречеш дека Ме познаваш.“
Ќесе, торба и меч
35 # 9,3; 10,4 Па им рече: „Кога ве праќав без ќесе, и без торба, и без обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“ 36#22,49; Мт 10,34И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож; 37#23,32; Ис 53,12; Јн 19,28; Дела 8,32-33зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ‚И меѓу злосторници Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“ 38А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
Молитва на Маслиновата Гора
(Мт 26,36-46; Мк 14,32-42)
39 # 21,37; Мт 26,30; Мк 11,1; Јн 18,1 И кога излезе, тргна, како обично, кон Маслиновата Гора; по Него одеа и уче­ниците Негови. 40#11,4; Мт 6,13А штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се за да не паднете во иску­ше­ние!“ 41#3,21И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се дофрли, па откако ги преклони ко­лената и се молеше, 42#Мт 6,10; Мк 10,38; Јн 5,30велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“ 43#Дан 10,18 И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. 44Па, бидејќи се наоѓаше во внатреш­на борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата. 45Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага. 46#22,40И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во иску­шение!“
Јудиното предавство
(Мт 26,47-56; Мк 14,43-50; Јн 18,3-11)
47 # Дела 1,16 И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од Дванаесетмината, наречен Јуда, одеше пред нив; и Му приде на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“ 48А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“ 49#22,36Оние, пак, што беа со Него, кога ви­доа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“ 50#Јн 18,10.26И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. 51А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото не­гово и го исцели. 52#22,37А на првосвештениците и храмов­ните управници и на стареши­ни­те, што беа дошле против Него, Исус им рече: „Како на разбојник ли сте из­легле со мечеви и стапови за да Ме фатите? 53#19,47; 21,37; Јн 7,30; Кол 1,13Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е ваше­то време и власта на темнината.“
Петровото откажување
(Мт 26,57-58.69-75; Мк 14,53-54.66-72; Јн 18,12-18.25-27)
54 # 22,33 И кога Го фатија, Го поведоа и во­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него. 55Кога запалија оган насреде дворот и седнаа заедно, седна и Петар меѓу нив. 56А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“ 57Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ 58Малку потоа го виде еден друг и рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“ 59#Дела 4,13А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, збору­вај­ќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ 60Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел. 61#22,34 Тогаш Господ се заврти и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 62И штом излезе надвор, заплака гор­ко.
Првите измачувања
(Мт 26,67-68; Мк 14,65)
63А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа. 64#Јов 16,11Па, откако Го покрија, Го удираа по лицето, и го прашуваа, велејќи: „Про­речи кој Те удри?“ 65И многу други хули рекоа против Него.
Исус пред Синедрионот
(Мт 26,59-66; Мк 14,55-64; Јн 18,19-24)
66 # Мт 26,57; Мк 11,27 А кога се раздени, се собраа ста­ре­шините народни, првосвештени­ците и книжниците и Го одведоа во својот Си­недрион, 67#Јн 3,12; 8,45; 10,24-25и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви ка­жам, навистина нема да поверувате. 68А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите 69#Пс 109,1; Мт 8,20; Мт 22,44Отсега Синот Човечки ќе седи од­дес­но на силата Божја.“ 70#1,35; 4,3.9; Мт 14,33; Мк 1,1; Јн 10,24.36И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие ве­лите дека сум Јас.“ 71#Јн 10,30-33А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Не­го­вата уста.“

Селектирано:

Лука 22: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност