Лука 2:25-35

Лука 2:25-35 MK2006D

А во Ерусалим имаше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше открил дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во хра­мот. Па, кога родителите Го донесоа де­тето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според Законот, тој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасението Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на незна­бош­ците и слава на Твојот народ, Израил.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израил, и е знак против Ко­го ќе се говори. А и тебе самата, меч ќе ти ја пробо­де душата, за да се откријат мислите на многу срца.“
MK2006D: Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Сподели

YouVersion користи колачиња за да го персонализира твоето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ти ја прифаќаш нашата употреба на колачиња како што е опишано во нашата Политика на приватност.