Лука 11:37-54

Лука 11:37-54 MK2006D

И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза. И фарисејот се зачуди кога виде де­ка Тој не си ги изми рацете пред јадење. Но Господ му рече: „Ете, вие фари­се­ите ја миете чашата и чинијата однад­вор, а внатрешноста ви е полна со гра­беж и лукавство. Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното? Но, давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чис­то. Но тешко вам, фарисеи, зашто да­вате десеток од нане и рута, и од се­ка­ков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го про­пуш­тите. Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гро­бови, преку кои луѓето одат, а не ги зна­ат.“ Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“ Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите лу­ѓе­то со товари што не можат да ги под­несат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари. Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци; Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, би­деј­ќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници. Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги про­гонат‘; за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. Тешко вам, законици, заш­то го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да вле­зат им попречивте.“ А кога го зборуваше тоа, книж­ни­ците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни пра­шања; Го демнеа, сакајќи да уловат неш­то од Неговата уста за да Го обвинат.
MK2006D: Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Сподели