Исаија 62
MK2006D

Исаија 62

62
Ерусалим ќе биде избавен
1 # 42,14; 60,1.3; Авак 3,4 Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Еру­салим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението негово – ка­ко запалена светилка. 2#56,5; 60,14; 65,15; Откр 2,17; 3,12И народите ќе ја видат твојата правда, и сите цареви – твојата слава; и ќе ги наречат со ново име, кое устата Гос­по­дова ќе го определи. 3#Ез 16,12И ќе бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна – врз длан­ката на твојот Бог. 4#1,26; 49,14-21; 54,1-8; 60,15; Ос 2,23Нема веќе да те нарекуваат „оста­вен“, ниту земјата твоја повеќе ќе ја именуваат „пустина“, туку ќе те на­ре­куваат „Мое благоволение кон него“, а земјата твоја – „омажена“, зашто Гос­под благоволил кон тебе, и земјата твоја ќе биде мажена. 5#61,10; 65,19Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ќе се соединат со тебе; и како што младоженецот се ра­ду­ва на невестата, така ќе ти се радува те­бе твојот Бог. 6#21,6-8; 49,16; 52,8; Ер 6,17На ѕидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да молкне ни де­ње, ни ноќе. О, вие што Го спомнувате Господа, не замолкнувајте! 7#60,18; 61,11Не замолчувајте пред Него, додека Тој не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата. 8#41,10; 45,23; 54,9; 65,22; 5 Мојс 28,30-35.51; Амос 9,14Господ се заколна во десницата Сво­ја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на не­пријателите твои; и синови на туѓинци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел; 9#5 Мојс 14,23но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште. 10#11,12.16; 35,8; 40,3; 49,22; 57,14Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите! 11#35,4; 40,10; 48,20; Зах 9,9; Мт 21,5; Откр 22,12Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова – пред Него. 12#1,26; 35,10; 51,11; 60,14И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)