3 Јован 1
MK2006D

3 Јован 1

1
Поздрав
1 # 2 Јн 1,1 Презвитерот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината. 2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
Пофалба за добродетелството
3 # Фил 1,5; 1 Јн 3,19 Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината. 4#2 Јн 1,4За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината. 5#Мт 10,41-42Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите. 6#Рим 15,24; Тит 3,13Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба. 7Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незна­бошците. 8#Мт 18,5; Рим 12,13; Евр 13,2; 1 Птр 4,9Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
Властољубието на Диотреф
9 # Мт 20,27; Фил 2,3 Јас напишав неколку збора до Црк­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас. 10#1 Кор 4,18-21; 1 Птр 5,3Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Цр­к­вата. 11#1 Птр 3,11; 1 Јн 3,6Возљубени, не угледувајте се на зло­то, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га. 12#Изреки 22,1; Јн 19,35; 21,24; 1 Птр 2,12; 1 Јн 5,6За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
Завршни поздрави
13 # 2 Јн 1,12 Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо, 14туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це. 15Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006


Дознај повеќе за Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)