Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 9,13; 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2 Павле, апостол на Исус Христос, по волја Божја, и братот Тимотеј, до црквата Божја во Коринт заедно со сите светии по цела Ахаја. 2#Рим 1,7; 1 Кор 1,3Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос!
Страдањето и утехата се поврзани
3 # Рим 15,5; Ефес 1,3; 1 Птр 1,3 Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. 4#1,8; 8,2; Дела 14,22Тој нѐ утешува при секоја наша не­волја, та и ние да можеме да ги уте­ши­ме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас са­ми­те! 5#Фил 1,20; Кол 1,24Зашто, како што изобилуваат Хрис­товите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христа. 6#2 Тим 2,10Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие станува­ат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние; 7а и надежта наша за вас е цврста, се утешуваме ли, се утешуваме за ваша утеха и спасение, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата. 8#1 Кор 15,32; 1 Сол 4,13Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. 9#4,7; Рим 1,4; 4,17; 8,11; Фил 2,27; Евр 11,19Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. 10#2 Тим 4,18Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува; 11#4,15; 9,12; Рим 15,30па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.
Павле ги менува своите планови
12 # 2,17; Дела 23,1; 1 Кор 1,17; 2,1 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас. 13Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се на­деваме дека и до крај ќе го разберете, 14#1 Кор 1,8; Фил 2,16; 4,1; 1 Сол 2,19-20како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос. 15И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да примите благодат, 16#1 Кор 16,5и преку вас да заминам за Маке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја. 17#1,12; Рим 7,5Но, сметајќи го ова, можеби лесно­мислено постапив? Или, пак, што се наканував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“ 18#1 Кор 1,9; 10,13Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“ 19#Мт 5,37; Дела 16,1; 18,5Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“, 20#Откр 3,14бидејќи сите ветувања Божји во Него се „Да“, и во Него „Амин“, за сла­ва Божја преку нас. 21#13,13; 1 Кор 1,6; 1 Јн 2,20.27Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза; 22#Рим 5,5; 6,4; Ефес 1,13-14Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши. 23#Фил 1,8А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега; 24#6,1; Рим 11,20; 1 Птр 5,2.3но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на ва­ша­та радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност