Лого на YouVersion
Икона за пребарување

3 Царства 15

15
Авијам, цар на Јудеја
(2 Лет 13,1-3; 13,22–14,1)
1На осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јеровоам, над Јудејците стана цар Ави­јам. 2Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова ќерка. 3Тој одеше во сите гревови на таткото свој што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на неговиот прадедо Давид. 4Но заради Давид, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајќи го по него синот негов и го закрепи Ерусалим, 5#2 Цар 11зашто Давид го правеше она што беше право пред очите на Господ, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она што Тој му беше заповедал, освен постапката со Хитие­цот Урија. 6Меѓу Ровоам и Јеровоам имаше војна во сите дни на животот нивни. 7Другите дела на Авијам, и сѐ што вршел, е опишано во летописите на ју­дејските цареви. И имаше војна меѓу Авијам и Јеровоам. 8Авијам почина кај татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса. 9Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на изра­илскиот цар Јеровоам, 10и царуваше во Ерусалим чети­риесет и една година; името на баба му беше Мааха, Авесаломова ќерка. 11#2 Мојс 15,26Аса го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, како неговиот прадедо Давид. 12Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли што ги беа направиле татковците негови, 13#4 Цар 23,4-6.12и дури и на баба си Мааха ѝ ја од­зеде власта, поради тоа што беше на­правила идол на Ашера; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгоре кај потокот Кедрон. 14Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господ во сите не­гови денови.
Аса, цар на Јудеја
(2 Лет 14,1-2; 15,16-19; 16,1-6.11-14)
15И тој ги внесе во домот на Господ предметите, посветени на неговиот татко, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови. 16Меѓу Аса и израилскиот цар Баша имаше војна во текот на целиот нивен век. 17Израилскиот цар Баша излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не може никој да излегува, ниту да оди кај јудејскиот цар Аса. 18Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати кај Венадад, синот на Тавримон, син Хезионов, цар арамејски, кој живееше во Дамаск, велејќи: 19„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што имаше меѓу мојот татко и твојот татко; ете, ти испраќам на дар среб­ро и злато; раскини го сојузот свој со израилскиот цар Баша, та да се оттргне од мене.“ 20И Венадад го послуша царот Аса, и ги испрати своите војсководци против израилските градови и ги порази Ијон, Дан, Авел-Бет-Мааха, областа околу Ге­нисаретското Езеро и другиот дел од Нефталимовата земја. 21Кога го слушна тоа, Баша престана да ја гради Рама и се врати во Тирца. 22А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Баша ги упо­требуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гева Венијаминова и Мицпа. 23Нели сите други дела на Аса сите негови подвизи и сѐ што изврши, и гра­довите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви? Но во староста тој се разболе од болест на нозете. 24Аса почина кај татковците свои и беше погребан кај нив во градот на својот предок Давид. А наместо него стана цар неговиот син Јосафат.
Надав, цар на Израил
25А Јеровоамовиот син Надав стана цар над Израил во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израил две години. 26Тој го вршеше она што беше неугодно пред очите на Господ, одеше по патот на татко си и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израил. 27Против него се крена Баша, синот на Ахија, од Исахаровиот дом, и Баша го уби кај Гибетон филистејски, кога Надав и сите Израилци го опседнуваа Гибетон; 28Баша го уби Надав во третата година од царувањето на јудејскиот цар Аса, и стана цар место него. 29#14,10Кога стана цар, тој го порази це­лиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоам, додека не го истреби, според словото на Господ што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот, 30поради гревовите на Јеровоам, што тој сам ги направи и со кои го наведе во грев Израил, поради гревовите со кои тој Го разгневи Господ, Бог Израилев. 31Другите дела на Надав, сѐ што тој извршил, се опишани во летописите на израилските цареви. 32Меѓу Аса и израилскиот цар Баша имаше војна во текот на сите нивни де­нови.
Баша, цар на Израил
33Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Тирца над сите Изра­илци Ахиевиот син Баша и царуваше дваесет и четири години. 34Тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господ, и одеше по патот на Јеровоам и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израил.

Селектирано:

3 Царства 15: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност