YouVersion Logo
Search Icon

Јован 1

1
Словото на животот
1 # 5,17-30; 17,5; 1 Мојс 1,1-5; Пс 107,20; Изреки 8,22; Фил 2,6; Кол 1,15; 1 Јн 1,1-2; Откр 19,13 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. 2Тоа во почетокот беше во Бога. 3#1 Мојс 1,3; Ис 40,26; 48,3; Пс 33,6.9; 147,15-18; Изреки 8,27-30; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 1,1-3; Откр 3,14Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. 4#5,26; 11,25; 14,6Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. 5#3,19; 12,46; Рим 1,19-23; 1 Кор 1,21; 1 Јн 1,5-7; 2,8-11Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. 6#Мт 3,1; Лк 1,13.17.76Имаше еден човек по име Јован, ис­пратен од Бога; 7#1,15.19-35; 3,27-30; 5,33; 10,41тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат пре­ку него. 8Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. 9#6,14; 8,12; 9,5; 1 Јн 2,8; Откр 21,23; 22,5Беше Вистинска Светлина, Ко­ја го осветлува секој човек, што доа­ѓа­ше во светов. 10#3,16; 14,17; 1 Јн 2,16Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. 11Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. 12#2,23; 3,18; 11,52; Рим 9,8; Гал 3,26; Фил 2,15; Јк 1,21; 1 Јн 3,1-2А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; 13#3,3.5-6; Јк 1,18; 1 Птр 1,23; 1 Јн 3,9; 5,1.4.18кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка, туку од Бога се родија. 14#2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,7; Ис 60,1-2; Лк 9,32; Рим 1,3; Гал 4,4; Фил 2,7; 1 Тим 3,16; Евр 2,14И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. 15#Зах 1,4; Мт 3,11; 16,24Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“ 16#Рим 5,21; Кол 1,19; 2,9-10; Ефес 4,13И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат; 17#7,19.22-23; 8,5; 2 Мојс 31,18; 34,28; Мт 5,17; Рим 6,14зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината произлегоа од Исус Христос. 18#3,11; 6,46; 2 Мојс 33,20; Мт 11,27; 1 Тим 6,16; Евр 11,27; 1 Јн 4,12Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Тој Го објави.
Сведоштвото на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Мк 1,1-8; Лк 3,1-18)
19 # 1,6; Лк 10,32 И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свеш­теници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20#3,28; Дела 13,25Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“ 21#5 Мојс 18,15.18; Мал 3,1.23-24; Мт 11,14; 17,13И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ Одговори: „Не сум.“ „Про­рок ли си?“ И одговори: „Не.“ 22А тие му рекоа: „Па кој си, за да мо­жеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; Што велиш за себеси?“ 23#Ис 40,3; Мт 3,3Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Гос­по­довиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ 24А испратените беа од фарисеите; 25#Мт 21,25; Мк 1,4; 6,25и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?“ 26Јован им одговори и рече: „Јас крш­тавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате. 27#1,15; Мт 3,11.13; Дела 13,25Тој е Оној што иде по мене, Кој бе­ше пред мене, и Кому јас не сум досто­ен да Му ги одврзам ремењата од обув­ките Негови.“ 28#3,26; 10,40Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован.
Божјото Јагне
29 # 1 Мојс 22,13; 2 Мојс 12,3; 3 Мојс 14,13; Ис 53,6-7; Ер 11,19; Мк 14,12; Дела 8,32; 1 Кор 5,7; 1 Птр 1,18-19; 1 Јн 3,5; Откр 5,6.9.12-13 На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јаг­нето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! 30#1,15.27Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи пос­тоеше пред мене. 31#2,11; 1 Јн 1,2Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за Тој да му биде објавен на Израел.“ 32#Ис 11,2; 61,1; Мк 1,10; Лк 4,1.14.18И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. 33#3,34; 14,16; 19,30; 20,22; 1 Сам 9,17; Ез 36,27; Јоил 3,1; Мк 1,11; Дела 1,5; 2,38Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети.‘ 34#Ис 42,1; Мк 1,1И јас видов и посведочив дека Овој е Божјиот Син.“
Првите Исусови ученици
35 # 3,25; Лк 7,18 А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици. 36#1,29.42; Мт 19,26И штом Го виде Исус како оди, ре­че: „Еве Го Јагнето Божјо!“ 37Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. 38#3,2А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави (што значи – Учителе), каде живееш?“ 39#11,34Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час#1,39 Околу 16 часот.. 40#6,8; 12,22; Мт 4,18А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар. 41#4,25; 1 Сам 2,10; Пс 2,2; Дан 9,25; Мт 1,16; Лк 4,41Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос#1,41 Месија на еврејски и Христос на грчки значат Помазаник, т.е. посебен Божји пратеник..“ 42#Мт 16,17-18; Мк 3,16; 1 Кор 15,5И го одведе кај Исус. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јован; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар#1,42 На еврејски Кифа, односно Петар, на грчки значи камен..“
Повикот на Филип и Натанаил
43 # 12,21; 21,19.22; 1 Цар 19,19; Мт 9,9 На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Тргни по Мене!“ 44#Мт 10,3; 11,21И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар. 45#2,1.11; 5,39; 21,2; 5 Мојс 18,18; Ис 7,14; 9,6; Ер 23,5; Ез 34,23; Мт 21,11; Лк 4,21-22; 24,27Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Исус, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците!“ 46#7,41А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му одговори: „Дојди и види!“ 47#2,25Исус, пак, кога го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израелец, во кого нема лукавство!“ 48Натанаил Му рече: „Од каде ме поз­наваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ 49#6,69; 11,27; 12,13; Соф 3,15; Пс 2,7; Мт 14,33; 27,42; Дела 13,33Му одговори Натанаил и рече: „Ра­ви! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израел!“ 50#11,40А Исус, одговарајќи, му кажа: „Да­ли веруваш, бидејќи ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш повеќе од ова.“ 51#1 Мојс 28,12; Дан 7,9-10; Мт 3,16; 8,20; Дела 7,56И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото от­во­рено и ангелите Божји како се иска­чу­ваат и слегуваат над Синот Човечки.“

Currently Selected:

Јован 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy