YouVersion Logo
Search Icon

Јован 18

18
Исус е приведен
(Мт 26,47-56; Мк 14,43-50; Лк 22,47-53)
1 # 2 Сам 15,23; 1 Цар 2,37; 2 Лет 15,16; Мт 26,36; Мк 14,26.32; Лк 22,39 И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку пото­кот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Тој и учениците Негови. 2А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму. 3#7,32.45Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, со светила и со оружје. 4#13,1.3; 19,11А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“ 5#8,24Му одговорија: „Исус од Назарет!“ Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде. 6#7,46; Пс 27,2; 35,4А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. 7Тогаш пак ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус од Назарет!“ 8Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“ 9#6,39; 17,12за да се изврши словото кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не загубив.“ 10#Лк 22,36.38А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на прво­свеш­те­никот и му го отсече десното уво. Име­то на слугата му беше Малх. 11#Мт 26,39; Мк 10,38; 14,36; Лк 22,42Но Исус му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја ис­пијам чашата што Ми ја даде Отецот?“
Исус пред Ана
(Мт 26,57-58; Мк 14,53-54; Лк 22,54)
12Тогаш четата и заповедникот, и слугите јудејски, Го фатија Исус и Го врзаа. 13#Лк 3,2И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник. 14#11,49-51А Кајафа беше оној што ги посоветува Јудејците дека подобро е да умре еден човек за народот.
Петровото одрекување
(Мт 27,1-2.11-14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)
15 # 20,3 По Исус одеше Симон Петар и еден друг ученик. Тој ученик му беше познат на првосвештеникот, па влезе со Исус во дворот на првосвештеникот. 16#Мк 14,54А Петар стоеше надвор, покрај портата. Другиот, пак, ученик, што му беше познат на првосвештеникот, изле­зе, ѝ рече на вратарката и го воведе Петар. 17#18,25Тогаш слугинката вратарка му рече на Петар: „Да не си и ти од учениците на Овој Човек?“ Тој рече: „Не сум.“ 18А слугите и стражарите беа за­па­ли­ле оган и стоеја, па се грееја, зашто бе­ше студено. Со нив стоеше и Петар и се грееше.
Исусовото сослушување
(Мт 26,59-66; Мк 14,55-64; Лк 22,66-71)
19Првосвештеникот, пак, Го праша Исус за учениците Негови и за Не­го­вото учење. 20#6,59; 7,26; Ис 45,19; 48,16; Мт 4,23; 26,55; Дела 26,26Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував по синагогите и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал. 21Зошто Ме прашуваш Мене? Пра­шај ги оние кои слушале што сум зборувал; тие знаат што сум говорел.“ 22#19,3; Мт 26,67; Дела 23,2Кога Тој го рече тоа, еден од слу­ги­те, кој стоеше близу, Го удри Исус по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“ 23#Мт 5,39; Дела 23,3-5Исус му одговори: „Ако реков неш­то лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“ 24#11,49; 18,13Тогаш Ана Го прати врзан кај прво­свештеникот Кајафа.
Петар повторно се одрекува
(Мт 26,71-75; Мк 14,69-72; Лк 22,58-62)
25 # 18,17 А Симон Петар стоеше и се гре­еше. И му рекоа: „Да не си и ти од уче­ниците Негови?“ Тој порекна и рече: „Не сум.“ 26#18,1.10Еден од слугите на прво­свеш­те­ни­кот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Нели те видов и тебе во градината со Него?“ 27#13,38; Мт 26,34; Мк 14,30; Лк 22,34А Петар пак порекна; и веднаш за­пеа петел.
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2; 11,14; Мк 15,1-5; Лк 23,1-5)
28 # 11,55 И Го поведоа Исус од Кајафа во преторијата. Но беше утро, и тие не влегоа во неа, за да не се осквернат, за да можат да ја јадат Пасхата. 29#Лк 3,1; 13,1; Дела 3,13-14; 4,27; 13,28; 1 Тим 6,13Тогаш излезе Пилат пред нив и ре­че: „За што Го обвинувате Овој Човек?“ 30Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, немаше да ти Го предадеме!“ 31#19,6; Дела 18,15А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Ју­деј­ците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“, 32#3,14; 8,28; 12,32-33; Мт 20,19; 26,2за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре. 33Тогаш Пилат влезе во судницата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“ 34Исус му одговори: „Сам ли го збо­руваш тоа или други ти кажаа за Ме­не?“ 35Пилат одговори: „Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“ 36#1,11; 6,15; 12,32; Мт 26,53; Лк 17,20; 19,12Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.“ 37#3,32-33; 8,45-46; 14,6; 1 Јн 3,19; 4,6; 1 Тим 6,13А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?“ Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.“
Исус е осуден на смрт
(Мт 27,15-31; Мк 15,6-20; Лк 23,13-15)
38 # Дела 24,25; 26,28 Пилат Го праша: „Што е тоа вистина?“ И кога го рече ова, излезе пак кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам ни­каква вина во Него. 39Но кај вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуш­там Царот Јудејски?“ 40#Дела 3,14И пак повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ Варава, пак, беше разбојник.

Currently Selected:

Јован 18: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy