YouVersion Logo
Search Icon

Јован 11

11
Смртта на Лазар
1 # Мт 21,17; Лк 10,38-39 Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта. 2#12,1-8; Лк 7,36-50А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господ со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса. 3#11,36Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го ми­луваш, болен е.“ 4#1,14; 7,39; 17,1-5Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“ 5#5 Мојс 33,3; Мк 10,21А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар. 6А кога чу дека е болен, тогаш ос­та­на уште два дни во местото каде што се наоѓаше. 7Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“ 8#8,37.40.59; 10,31Учениците Му рекоа: „Рави, сега са­каа да Те убијат со камења, и пак ли та­му ќе одиш?“ 9#9,4.12; 12,35Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; 10#13,30; Мт 6,23; Лк 11,35; 1 Јн 2,11а кој оди ноќе, се сопнува, зашто не­ма светлина во него.“ 11#Мт 9,24; 27,52; Дела 7,60; 1 Кор 11,30Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“ 12Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ 13Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. 14Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! 15#2,11Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“ 16#14,5.31; 20,24-29; Рим 6,8Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“
Исус е воскресение и живот
17Кога дојде Исус, откри дека тој ве­ќе четири дена е во гроб. 18#Мт 21,17; Мк 10,32А Витанија беше близу до Еру­са­лим, околу петнаесет стадии#11,18 3 километри.; 19#11,45; Јов 2,11и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат. 20#Ез 8,14Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше дома. 21#11,32Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми не­маше да умре. 22Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“ 23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“ 24#5,28-29; 6,39-40; Дан 12,2; Дела 24,15Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во пос­ледниот ден.“ 25#1,4; 20,31; Кол 3,4; Откр 1,18А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. 26#5,24; 8,51; Мт 22,23И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“ 27#6,14.69Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
Исус просолзува
28Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“ 29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него; 30зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше до­чекала Марта. 31Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче. 32#11,21А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ 33#12,27; Мк 3,5Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, 34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“ 35#Лк 19,41Исус просолзи. 36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“ 37#9,6-7Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“
Воскреснувањето на Лазар
38 # 20,1; Мт 27,60; Лк 23,53; 24,2 А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа. 39Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“ 40#1,14; 2,11Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“ 41#17,1; Мт 14,19; Мк 6,41; Лк 18,13; Дела 7,55Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши. 42#6,29; 12,30; 17,8.21; 1 Цар 18,36-37; 1 Јн 5,14-15Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради на­родов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ 43Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ 44#19,40; 20,6-7излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“
Заговор против Исус
(Мт 26,1-5; Мк 14,1-2; Лк 22,1-2)
45 # 7,31; 8,30; 12,11.42 Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што на­прави Исус, поверуваа во Него. 46#5,15Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус. 47#Мт 26,3-5Тогаш првосвештениците и фарисе­ите се собраа на совет и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда. 48#Дела 4,16Ако Го оставиме така, сите ќе пове­руваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот.“ 49#18,13; Лк 3,2А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете, 50#18,14; 2 Кор 5,14ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, от­колку сиот народ да пропадне.“ 51#1 Мојс 50,20; 4 Мојс 27,21А ова не го рече тој сам од себе, ту­ку, бидејќи беше првосвештеник таа го­дина, прорече дека Исус ќе умре за на­родот; 52#10,16; 1 Јн 2,2и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда. 53#5,18; 7,1.25; 8,37.40; Мт 12,14Од тој ден се согласија да Го убијат. 54#3,22Заради тоа Исус веќе не одеше јав­но меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот на­речен Ефрем, и таму се задржа со уче­ниците Свои. 55#2,13; 13,1; 18,28; 2 Мојс 19,10-15; 4 Мојс 9,9-14; 2 Лет 30,1-3.17-20; Дела 21,24-26А се наближуваше јудејскиот праз­ник Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата, за да се очистат. 56#7,11Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на праз­ни­кот?“ 57А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

Currently Selected:

Јован 11: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy