БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (mkb)

Македонски [Macedonian]

Lies diese Version: БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет

Библијата е книга која ги поразува генијалните умови и ги сведува да ја признаат нејзината мудрост, која со својата содржина ги пленува нивните срца и ги препородува за нов живот - исполнет со радост, мир и задоволство. Таа, исто така, ги просветлува умовите на простите и невештите во знаење и ги воздигнува со својата духовна содржина, над секоја човечка мудрост.

Кога таа се прифаќа со вера ги воздигнува моралните вредности на народите и поединците и ги менува мислите, срцата и чувствата, кои до мигот на прифаќањето на истата, се со грешни намери, спротивставени на нејзината волја.

Библијата може да ги направи злосторниците - чесни; самоправедните и себичните - понизни; неполезните во општеството - полезни; отпадниците со низок морал - морални. Библијата ја има таа моќ заради вдахновеноста на Светиот Дух во нејзината порака.

Од првата страна до последната Авторот на Библијата е Бог. Таа е пишувана од луѓе, кои живееле свето и верувале во Божјите откровенија, кои во текот на човечката историја ги прифатиле и запишале како сигурен доказ на Божјото постоење и Неговата совршена Мудрост. Библијата има 66 книги од кои Стариот Завет има 39, а новиот завет 27.

Главната тема на Библијата е доаѓањето на Исус Христос на земјата и Неговата жртва на Голгота. Се тоа сто е направено на Голгота - преку Неговата смрт на крст - е за да го откупи грешното човештво од неговите гревови и да му овозможи преку вера во Божјиот Син, да постигне вечен живот.

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот (Јован 3:16).
Спасението што го дава Бог е врз основа на Неговата неискажана љубов и милост кон човештвото.

Зашто по благодет сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! (Ефесијаните 2:8)
Читајте ја Библијата внимателно и со размислување и живејте според нејзините духовни пораки, а Бог е Оној Кој ќе го заврши започнатото дело во вас. Нему слава, чест и власт од сега и довека. Амин!

Autor

Euroliber

Andere Versionen von diesem Herausgeber

БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет

Verfügbare Übersetzung

Anzahl der Übersetzungen:1,908
Anzahl der Sprachen:1,318

Mache sie zu deiner Bibel!

Markiere deine Lieblingsverse, erstelle Lesezeichen oder Versbilder, die du teilen kannst und füge bestimmten Abschnitten in der Bibel öffentliche oder private Notizen hinzu.

Erstelle dein kostenloses Konto

Kostenlose Lesepläne und Andachten

Lesepläne helfen dir dabei, dich jeden Tag mit Gottes Wort zu beschäftigen.

Durchstöbere alle Lesepläne

Lade dir die Bibel App gratis herunter.

Zig Millionen Menschen nutzen die Bibel App, um Gottes Wort zu einem Teil ihres täglichen Lebens zu machen. Lade die kostenlose App herunter und greife von überall aus auf deine Lesezeichen, Notizen und Leseplänen zu. Genieße hunderte Bibelübersetzungen, darunter auch Hörbibeln, auf deinem mobilen Gerät.