YouVersion Logo
Search Icon

Maтеј 28

28
1Кога измина саботата, во раните мугри на неделата, Марија Магдалена и другата Марија дојдоа да го посетат гробот.
2Одненадеж почвата силно се затресе; ангел Господов слезе од небото, го тргна каменот со кој беше затворена гробницата и седна врз него.
3Лицето му светеше како молскавица, а облеката му беше бела како снег.
4Стражарите толку се исплашија, што како мртви испопаѓаа по земјата.
5Ангелот им се обрати на жените: „Не плашете се! Знам дека Го барате распнатиот Исус.
6Не е тука; воскресна, како што однапред ви беше рекол! Влезете и погледнете го местото каде што беше положено Неговото тело.
7Одете брзо и кажете им на Неговите ученици дека Тој воскресна од мртвите и дека е на пат кон Галилеја. Појдете таму и ќе Го видите. Еве, дојдов да ви го кажам тоа.“
8Со измешани чувства на страв и радост жените веднаш ја напуштија гробницата и со трчање се упатија кон Исусовите ученици да ги известат за ова.
9Одеднаш, ги пресретна Исус и ги поздрави: „Здраво!“ Тие Му пријдоа, ги прегрнаа Неговите нозе и Му се поклонија.
10Тогаш Исус им рече: „Не плашете се! Одете и јавете им на Моите браќа да појдат во Галилеја; таму ќе се видиме!“
11Додека жените одеа кон градот, некои од стражарите што го чуваа гробот веќе отидоа во градот и им раскажаа на свештеничките поглавари за сето ова што се случи.
12Тогаш свештеничките поглавари се состанаа со народните старешини и решија да ги подмитат стражарите со голема сума пари.
13Им рекоа вака: „Ќе кажувате дека Исусовите ученици дошле ноќе додека вие сте спиеле и го украле Неговото тело!
14Ако за ова чуе гувернерот, ние ќе се погрижиме да нема непријатности за вас.“
15Стражарите ги зедоа парите и постапија онака како што им беше кажано. За ова меѓу Јудејците се раскажува до денденес.
16Единаесеттемина Исусови ученици отидоа во Галилеја, на гората на којашто Исус им закажа средба.
17Кога Го видоа, тие Му се поклонија, иако некои од нив останаа неуверени.
18Приближувајќи им се, Исус им рече: „Ми се даде целата власт, на небото и на Земјата.
19Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици; крштавајте ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух;
20Учете ги новите следбеници да го извршуваат сето она што вам ви го заповедав. А Јас ви ветувам дека секојдневно ќе бидам со вас, се до свршетокот на времето. Амин!“

Currently Selected:

Maтеј 28: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy