YouVersion Logo
Search Icon

Јован 2

2
1По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја.
2На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици.
3Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4„Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
5Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80до 120литри.
7„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа.
9Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот,
10па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо, со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
12По ова, Исус, мајка Mу, Неговите браќа и Неговите ученици заминаа за Кафарнаум, каде што останаа неколку дни.
13Наближуваше еврејскиот празник Пасха па Исус се искачи во Ерусалим.
14Таму, пред храмот, Тој затекна продавачи на говеда, овци и гулаби, и менувачи на пари.
15Откако си направи камшик од јаже, ги избрка сите надвор, заедно со овците и говедата, а на менувачите им ги истури парите и им ги испреврте масите.
16На продавачите на гулаби им рече: „Изнесете ги одовде! Престанете да го претворате Домот на Мојот Татко во пазариште!“
17Неговите ученици се сетија дека во Светото Писмо пишува: „Ревноста кон Божјиот Дом Ме изеде!“
18По тој повод, еврејските верски водачи Му се обратија со прашањето: „Со каков чудотворен знак ќе ни докажеш дека имаш овластување да го правиш ова?“
19Исус им одговори: „Разурнете го овој храм и Јас за три дена ќе го подигнам!“
20Тогаш еврејските водачи Му рекоа: „Овој храм бил граден четириесет и шест години, а Ти би го подигнал за три дена!?“
21Но, Тој им зборуваше за Своето тело како храм.
22Затоа, кога воскресна од мртвите, Неговите ученици си спомнаа на тоа што го рече, па поверуваа во Светото Писмо и во зборовите на Исус.
23Додека Исус беше во Ерусалим, за време на празникот Пасха, многумина поверуваа дека Тој е Месијата, гледајќи ги чудата што ги правеше.
24Самиот Исус, пак, не им се доверуваше, затоа што Тој ги познаваше сите.
25Немаше потреба некој да му кажува за луѓето, зашто Тој знаеше што се крие во нивните срца.

Currently Selected:

Јован 2: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy