YouVersion Logo
Search Icon

Јован 15

15
1Исус им рече на Своите ученици: „Јас сум вистинската Лоза, а Мојот небесен Татко е Лозарот.
2Секоја прачка на Мене, која не раѓа плод, Тој ја отсечува. А секоја прачка што раѓа плод, Тој ја чисти, за да дава уште повеќе род.
3Вие сте веќе чисти преку словото што ви го проповедав.
4Останете сврзани за Мене и Јас ќе останам сврзан за вас. Како што прачката не може да раѓа плод сама од себе, ако не е сврзана за лозата, така ни вие нема да можете да бидете плодотворни, ако не останете сврзани за Мене.
5Јас сум Лозата, а вие сте прачките. Ако останете сврзани за Мене и Јас за вас, ќе бидете многу плодотворни. А без Мене не можете да постигнете ништо.
6Ако не останете сврзани за Мене, ќе бидете исфрлени како отсечени прачки и ќе се исушите. А сувите прачки ќе бидат собрани и в оган изгорени.
7Ако останете сврзани за Мене и ако Моето учење се вкорени во вас, тогаш секоја ваша молитва ќе ви биде исполнета.
8Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко.
9Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов.
10Вие ќе останете под закрила на Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам под закрила на Неговата љубов.
11Ова ви го кажав за да бидете наполно радосни, како што Сум Јас.
12Сега ви заповедам: Сакајте се меѓу себе како што Јас ве сакам.
13Најголема љубов што некој може да ја искаже спрема своите пријатели е да го даде својот живот за нив.
14Ќе ве сметам за Мои пријатели, ако го извршувате она што ви го заповедам.
15Не ви зборувам како на Мои слуги, зашто слугите не знаат што прави нивниот господар, туку ве сметам за пријатели, и затоа ви го објавив сето она што Ми го кажа Мојот небесен Татко.
16Не Ме избравте вие Мене, туку Јас ве избрав вас и ве испратив да одите и да создавате плод - таков плод што трајно ќе остане. Тогаш Мојот небесен Татко ќе ви ја исполни секоја молба што ќе Му ја упатите во Мое име.
17Значи, ви заповедам да се сакате еден со друг!“
18„Кога луѓето од овој свет ќе ве мразат, сетете се дека прво Мене Ме замразија.
19Да му припаѓавте на светот, тој ќе ве сакаше како свои. Но Јас ве избрав од светот и вие не му припаѓате на светот; затоа светот ве мрази.
20Спомнете си на зборовите што ви ги кажав: ?Слугата не е поголем од својот господар‘. Штом Мене Ме прогонуваа, и вас ќе ве прогонуваат. Штом Моето учење го слушаа, ќе го слушаат и вашето.
21Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познаваат Оној што Ме испрати.
22Да не дојдев и да не им зборував, немаше да бидат виновни за грев. Но сега немаат изговор за своите гревови.
23Кој Ме мрази Мене - Го мрази и Мојот Татко.
24Да не бев направил чуда меѓу нив, какви што никој друг не направил, немаше да бидат виновни за грев. Но тие, и покрај тоа што ги видоа Моите дела, сепак не замразија и Мене и Мојот Татко.
25Но ова е за да се исполни претскажаното во Светото Писмо: ,Без причина Ме замразија‘.
26Кога ќе дојде Помошникот - Духот на вистината, Кој произлегува од Таткото и Кого Јас ќе ви го пратам од Таткото - Тој ќе ја објавува вистината за Мене.
27А и вие ќе ја објавувате вистината за Мене, затоа што од почеток сте со Мене.“

Currently Selected:

Јован 15: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy