YouVersion Logo
Search Icon

Битие (1 Moj.) 1

1
1Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
6И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!”
7Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така.
8А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден.
9И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
11И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.
12И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.
13И бидна вечер, па утро - трет ден.
14И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
15и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
16И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.
19И бидна вечер, па утро - четврти ден.
20И Бог рече: „Нека обилуваат водите со живи суштества; и птици нека летнат над земјата, по небесниот свод!”
21Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро.
22И ги благослови Бог - велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!”
23И бидна вечер, па утро - петти ден.
24И Бог рече: „Земјата нека произведе живи суштества, секое според неговиот вид: добиток, лазачи и земни ѕверови според нивниот вид!” И бидна така.
25И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро.
26И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”
27Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.
28И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!”
29И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!
30А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така.
31И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.

Currently Selected:

Битие (1 Moj.) 1: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy