YouVersion Logo
Search Icon

Лука 4

4
Исусовото искушување
(Мт 4,1-11; Мк 1,12-13)
1 # 5 Мојс 9,9; 1 Цар 19,8 Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината. 2#Евр 4,15Четириесет дена Го искушуваше ѓа­волот. Во текот на тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне. 3#3,22Тогаш Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ 4#5 Мојс 8,3А Исус му одговори: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот (туку и со секој збор Божји).“#4,4 Текстот во заграда не се среќава во сите ракописи. 5Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока планина и му ги покажа за миг си­те царства во светот. 6#Мт 28,18; 1 Јн 5,19; Откр 13,2.4И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам. 7#Ер 27,5Ако ми се поклониш, сето тоа ќе би­де Твое.“ 8#5 Мојс 6,13; 10,20Но Исус му одговори и рече: „(Бегај од Мене, сатано, зашто)#4,8 Во некои ракописи кон овој стих додаден е текстот во заградата. напишано е: ‚На Господ, твојот Бог, поклонувај Му се и единствено Нему служи Му!‘“ 9#Ез 8,3И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу! 10#Пс 91,11-12Зашто е напишано: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат; 11и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш ногата Своја на камен.‘“ 12#5 Мојс 6,16И Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ‚Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“ 13#22,3.53; Јн 13,2.27; Евр 4,15Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за не­кое време.
Исус го започнува Своето дејствување во Галилеја
(Мт 4,12-17; Мк 1,14-15)
14 # Мт 3,16; 4,12 И се врати Исус во Галилеја во си­лата на Духот; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај. 15#Мт 4,23; 9,35А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите го славеа.
Исус е отфрлен во Назарет
(Мт 13,54-58; Мк 6,1-6)
16 # 2,39.51; Мт 13,54; Дела 17,1-2 И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па стана да чита. 17Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: 18#Ис 61,1-2#Ис 58,6„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати#4,18 Во некои ракописи е додадено: „да ги исцелам оние со скрушено срце,“ да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледува­ње, да ги пуштам на слобода напатени­те; 19#3 Мојс 25,10-13да ја проповедам благопријатната година Господова!“ 20#Дела 6,15Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот, и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. 21#2,11И почна да им говори: „Денес се ис­полни ова Писмо што го чувте.“ 22#2,47; 4,15; Мт 13,55; Јн 7,46И сите Му потврдија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова и ве­леа: „Не е ли Овој синот на Јосиф?“ 23#4,31-41; Мк 1,21А Тој им рече: „Некој од вас сигур­но ќе Ми приговори со оваа изрека: ‚Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“ 24#Мк 6,4; Јн 4,44Па им рече: „Вистина ви велам: ни­еден пророк не е омилен во својата тат­ковина. 25#1 Цар 17,1; 18,1; Јк 5,17Навистина ви кажувам: имаше мно­гу вдовици во Израел, во времето на Или­ја, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; 26#1 Цар 17,8-16и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска; 27#2 Цар 5,1-14и имаше мнозина лепрозни во Из­ра­ел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Си­ри­ецот Нееман.“ 28#Дела 7,57А кога го слушнаа тоа, сите во си­на­гогата се исполнија со гнев; 29#4 Мојс 15,35; Дела 7,58па станаа, Го истераа надвор од гра­дот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора. 30#Јн 8,59; 10,39Но Тој помина меѓу нив и си отиде.
Исус во Капернаум. Силата на Неговиот збор
(Мт 7,28-29; Мк 1,21-28)
31 # Мт 4,13 И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови. 32#Мт 7,28-29; Мк 11,18И се чудеа на Неговата наука, за­што Неговото слово беше силно. 33#Мк 5,2.7Во синагогата се наоѓаше еден чо­век обземен од дух на нечист демон, и тој извика гласно: 34#Мт 8,29; Јн 6,69; Дела 3,14„Еј, што сакаш Ти, Исусе од На­за­рет? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам кој си. Ти си Светец Божји.“ 35А Исус му заповеда, говорејќи: „Молкни и излези од него!“ Па откако го кутна насреде, духот зол излезе од него и ништо лошо не му направи. 36Сите ги обзеде страв, па си зборуваа меѓу себе: „Каков ли е тој збор! Зашто со власт и сила им заповеда на не­чис­ти­те духови и тие излегуваат!“ 37#4,14; Мт 9,26Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
Исус оздравува многумина болни
(Мт 8,14-17; Мк 1,29-34)
38 # Јн 4,52; Дела 28,8 # Мт 4,18 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а тештата на Си­мон имаше силна треска, и Го помолија за неа. 39И како застана над неа, Тој ја пре­кори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше. 40#13,13; 1 Тим 4,14И на зајдисонце, сите што имаа бол­ни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше. 41#3,15; Мт 14,33; 16,13.16; 22,41-42; Мк 3,11; Јн 1,20.41; 7,26-27.41-42; 11,27; 20,31; Дела 4,26; 17,3; Рим 9,5; 1 Јн 2,22Од мнозина излегуваа демони со ви­кање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји.“ А Тој забрануваше и не им доз­волуваше да кажуваат дека знаат дека е Тој Христос.
Исус проповеда во Јудеја
(Мт 4,23; Мк 1,35-39)
42 # Мк 1,35.37 Кога се раздени, Тој излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди од нив. 43#Мт 9,35; 24,14; Мк 1,14-15А Тој им рече: „И на другите гра­до­ви треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, зашто за тоа сум пра­тен.“ 44#Мт 4,23И проповедаше по синагогите га­ли­лејски.

Currently Selected:

Лука 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy