Лука 3
MK2006

Лука 3

3
Проповедањето на Јован Крстител
(Мт 3,1-6; Мк 1,1-6; Јн 1,19-31)
1 # 23,1; Мт 14,1 Во петнаесеттата година од вла­деењето на царот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на покраината Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј чет­воровласник на Авилинија, 2#1,80; Ер 1,2; Ос 1,1; Мт 3,1; Јн 11,49; 18,24.28; Дела 4,6во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јо­ван, синот на Захарија, во пустината. 3#24,47; Мт 3,1.6; Мк 1,4; Дела 13,24И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крш­та­ва­ње за проштевање на гревовите, 4#Ис 40,3-5#Јн 1,23така како што е напишано во Кни­га­та, според зборовите на пророкот Иса­и­ја, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Пригответе го Господовиот пат и исправете ги патеките Негови; 5#1,52; 14,11секоја долина нека се исполни и се­која планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамни­те патишта нека се израмнат, 6#2,30-31; Дела 28,28; Тит 2,11и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“
Најавување на Судниот ден
(Мт 3,7-10)
7 # Мт 3,7; 23,33 А на луѓето што доаѓаа кај него да ги крсти, им велеше: „Рожби змиини, кој ве научи да бегате од гневот што ќе дојде? 8#Јн 8,33.39; Дела 26,20; Рим 4,16Но створете плодови достојни за по­кајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Авраам е нашиот татко!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраам. 9#Мт 7,19; Јн 15,6; Евр 6,7-8Зашто веќе и секирата е поставена до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“
Плодовите на покајанието
10 # 10,25; Дела 2,37 И го прашаа луѓето, велејќи: „То­гаш што треба да правиме?“ 11#12,33; Ис 58,7А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ги подели со оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“ 12#7,29; Мт 5,46Дојдоа и цариници да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да направи­ме?“ 13А тој им рече: „Не барајте повеќе отколку што ви е одредено.“ 14Го прашаа и некои војници, гово­реј­ќи: „А што да правиме ние?“ И им рече: „Врз никого не извршувајте насилство, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“
Најавување на Месијата
(Мт 3,11-12; Мк 1,7-8)
15 # 2,11.26; 9,20; 22,67; 23,2.35.39; Јн 1,19-20; Дела 13,25 А бидејќи народот беше во исчекување, па сите помислуваа во срцата свои за Јован, да не е тој Христос, 16#Јн 1,26-27.33Јован им одговараше на сите, ве­леј­ќи: „Јас ве крштавам со вода; но иде по­силен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обув­ките Негови: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган. 17#Ис 5,24; 47,14; Ер 15,7; 51,2; Наум 1,10; Мт 13,30Нему му е лопатата во раката Не­гова и Тој ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Сво­ја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“ 18И опоменувајќи со уште многу дру­ги нешта, му ја објавуваше на народот радосната вест.
Јован в затвор
(Мт 14,3-4; Мк 6,17-18)
19 # Мт 14,4; Мк 6,18 А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите злодела што ги беше направил, 20#Мт 14,3; Мк 6,17кон сето тоа додаде и уште едно: го затвори Јован во темница.
Исусовото крштавање
(Мт 3,13-17; Мк 1,9-11)
21 # 5,16; 6,12; 9,18.28-29; 11,1; 22,32.40-46; 23,34.46; Мт 14,23; Мк 6,46 А кога се крсти сиот народ, се крс­ти и Исус, и додека се молеше, се отво­ри небото, 22#9,35; 1 Мојс 22,2; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17и Светиот Дух слезе на Него во те­лесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој велеше: „Ти си Мојот воз­љубен Син, Кој е по Мојата волја.“
Исусовото родословие
(Мт 1,1-17)
23 # Мт 1,18; 13,55; Јн 6,42; 8,57 Кога почна Исус да проповеда има­ше околу триесет години и беше, како што мислеа, син Јосифов, Илиев, 24Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов, 25Мататиев, Амосов, Наумов, Если­мов, Нагеев, 26Маатов, Мататиев, Семеиев, Јо­си­фов, Јодов, 27#1 Лет 3,17; Езд 3,2; Мт 1,12Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Са­латиилов, Нириев, 28Мелхиев, Адиев, Косамов, Ел­мо­дамов, Иров, 29Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Ма­та­тов, Левиев, 30Симеонов, Јудин, Јосифов, Јо­а­на­нов, Елијакимов, 31#1 Сам 16,1.13; Мт 1,1#Рута 4,17-22; 1 Лет 2,3-15#2 Сам 5,14Мелеаев, Маинанов, Мататаев, На­танов, Давидов, 32Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов, 33#1 Мојс 29,35Аминадавов, Арамов, Есромов, Фа­ресов, Јудин, 34#1 Мојс 11,10-26; 1 Лет 1,24-27#1 Мојс 25,19.26Јаковов, Исаков, Авраамов, Та­рин, Нахоров, 35Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин, 36#1 Мојс 4,25–5,32; 1 Лет 1,1-4Каинанов, Арфаксадов, Симов, Но­ев, Ламехов, 37Матусалов, Енохов, Јаредов, Ма­ле­леилов, Каинанов, 38#Мт 14,33; Мк 1,1Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Learn More About Macedonian Standard Bible with cross-references 2006