YouVersion Logo
Search Icon

Јован 15

15
Исус е вистинската лоза
1 # Ис 5,1-7; Ез 19,10-14; Пс 80,8-19; Мт 15,13; 20,1-16 „Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот. 2#Ис 18,5Секоја прачка во Мене, што не дава плод, Тој ќе ја исече; и секоја, што дава плод, ќе ја очисти, за да принесе повеќе плод. 3#13,10; Дела 15,9Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал. 4#6,56; Рим 11,17-18; 2 Кор 3,5Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. 5#1,3; 15,16; 1 Кор 12,12.27Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да на­правите ништо. 6#Ез 15,1-8; Мт 3,10; 7,19; 13,42Ако некој не остане во Мене, ќе би­де исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. 7#14,13; 16,23; Мт 7,7; Мк 11,24; 1 Јн 5,14Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде. 8#Мт 5,13; Фил 1,11Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу плод и да бидете Мои ученици. 9#13,1; 17,23Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! 10#6,38; 14,15.21; 1 Јн 2,5; 5,3Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. 11#16,21; 17,13; Ис 9,2; 35,10; Соф 3,14; Пс 126,3-5; Мт 25,21.23; Лк 2,10; 1 Јн 1,4Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. 12#13,34; 1 Јн 3,11.23; 2 Јн 1,5Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. 13#10,11; 13,1; Рим 5,6-8; 1 Јн 3,16Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. 14#2 Мојс 13,11; Лк 12,4Вие сте Ми пријатели ако го вр­ши­те она што ви заповедам Јас. 15#Рим 1,1; Јк 1,1Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец. 16#6,70; 13,18; 14,13-14; 15,5; 16,23; 5 Мојс 7,6; Ис 41,8; Амос 3,2; Мк 3,13-14; Дела 20,28; 1 Јн 4,10Вие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да бидете плодоносни, и плодот ваш да ос­тане, та, што и да посакате од Отецот во Мое име, да ви даде. 17#13,34; 1 Јн 3,23Оваа заповед ви ја давам: да се љу­бите еден со друг.“
Омразата на светот
18 # 1,10-11; 7,7; 17,14-16; Мт 10,22; 24,9; 1 Сол 2,14-16; 1 Јн 3,13 „Ако светот ве мрази, знајте дека мене светот уште пред вас Ме замрази. 19#Лк 6,22; 1 Јн 4,5Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази. 20#13,16; Мт 10,24; Лк 6,40; Дела 4,17; 1 Сол 1,6; 1 Птр 4,12-19Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас: ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат; ако Моите зборови ги запазија, и вашите ќе ги запазат. 21#8,18-19; 16,3; Мт 5,11; 10,22; Дела 5,40-41; Откр 2,3Но, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го знаат Оној Кој Ме испрати. 22#9,41; 16,9Да не бев дошол и да не им бев збо­рувал, грев немаше да имаат. Но сега тие немаат изговор за својот грев. 23#5,23; Лк 10,16; 1 Јн 2,23Кој Ме мрази мене, Го мрази и Мо­јот Отец. 24#6,36; 14,11; Мт 12,24.27-28Ако не бев направил меѓу нив дела, какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат; а сега и видоа, и Ме замразија Мене и Мојот Отец. 25#Пс 35,19; 69,5; Рим 3,19Но нека се изврши словото на­пи­ша­но во нивниот Закон дека Ме замразија без вина. 26#Дела 5,32#14,16.26; Мт 10,19-20; 1 Јн 3,24; 5,7А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Ду­хот на Вистината, Кој излегува од Оте­цот, Тој ќе сведочи за Мене; 27#19,35; Лк 1,2; Дела 1,8.21-22; 1 Јн 4,14а и вие ќе сведочите, бидејќи од по­четокот сте со Мене.“

Currently Selected:

Јован 15: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy