YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 8

8
Исус исцелува лепрозен
(Мк 1,40-45; Лк 5,12-16)
1А кога слезе од гората, по Него врвеше многу народ. 2#10,8; 3 Мојс 13–14; Мк 1,40И ете, се приближи еден лепрозен. Му се поклонуваше и говореше: „Гос­поди, ако сакаш, можеш да ме очис­тиш.“ 3#4 Цар 5,13-14А Исус кога ја испружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. 4#9,30; 12,16; 17,9; 3 Мојс 14,1-32; Мк 1,34.44; Лк 5,14; 17,14И му рече Исус: „Гледај, никому да не кажеш; а оди, покажи му се на свеш­теникот и принеси дар, како што за­поведал Мојсеј, ним за сведоштво.“
Верата на еден стотник
(Лк 7,1-10; Јн 4,43-54)
5А кога влезе Исус во Капернаум, му пристапи еден стотник#8,5 стотник т.е. центурион, римски офицер. и Го молеше говорејќи: 6„Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.“ 7Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.“ 8#Пс 106,20А стотникот одговори и рече: „Гос­поди, не сум достоен да влезеш под мо­јот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави; 9зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ и тој доаѓа; и на слугата мој: ‚Направи тоа!‘ и тој прави.“ 10#8,1.26; 9,2.22; 15,28; 17,20; 21,21.25.32; 28,17; Мк 1,15; 16,11-14.16; Лк 8,12; 18,8; 24,11; Јн 3,12; Дела 3,16; Рим 1,16Кога го чу тоа, Исус се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ниту во Израил не најдов толкава вера. 11#Лк 13,29И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на тр­пеза со Авраам, Исак и Јаков во цар­ството небесно, 12#22,13; 24,51; 25,30; Лк 13,28а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ 13#9,29; 15,28; Јн 4,52-53И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, нека ти биде според верата твоја!“ И слугата негов во тој час оздраве.
Исус исцелува мнозина
(Мк 1,29-34; Лк 4,38-41)
14 # Јн 4,52; Дела 28,8 Кога дојде во домот на Петар, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска, 15#9,25; Мк 9,27и се допре до раката нејзина, и трес­ката ѝ помина; таа стана и им служеше. 16#4,24; Мк 1,32.34; 1 Сол 2,13; Евр 4,12А кога се стемни, доведоа кај Него мнозина бесомачни, и Тој со збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни, 17#Ис 53,4; Јн 1,29; 1 Птр 2,24за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите.“
Колебливи следбеници
(Лк 9,57-62)
18 # Мк 4,35-36 Кога виде Исус околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна. 19И откако пристапи до Исус еден книжник, му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ 20#9,6; 10,23; 11,19; 12,8.32.40; 16,13.27-28; 17,9.12.22; 20,18.28; 24,27.30.37.39.44; 25,31; 26,2.24.45.64; Ез 2,1; Пс 83,3; Дан 7,13; Мк 2,10.28; Лк 6,22; 19,10; 22,48; Јн 1,51; 3,13-14; 6,53.62; 12,23.34; Дела 7,56; 2 Кор 8,9; Откр 1,13; 14,14А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ 21#4,22; 10,37; 1 Мојс 50,5; 3 Цар 19,20; Тов 4,3Друг, пак, од учениците Негови Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ 22#Мк 2,14; Јн 1,43Но Исус му рече: „Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“
Исус смирува бу­ра
(Мк 4,35-41; Лк 8,22-25)
23И кога Тој влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. 24#Јона 1,4И ете, настана голема бу­ра во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. 25Тогаш учениците пријдоа до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ 26#Пс 64,7; 89,10; Мк 1,25; 9,25; Лк 4,39А Тој им рече: „Зошто сте плаш­ливи, маловерни?“ Потоа стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина. 27#16,13; Мк 1,27А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
Исус ослободува од демони
(Мк 5,1-20; Лк 8,26-39)
28И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двај­ца бесомачни, кои излегуваа од гробовите; беа толку лоши што никој не можеше да мине по тој пат. 29#3 Цар 17,18; Мк 1,23-24; Откр 13,6-7И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји!? Зар си дошол тука пред време да нѐ мачиш?“ 30А далеку од нив пасеше големо крдо свињи. 31И демоните Го молеа и говореа: „Ако нѐ изгониш, дозволи ни да вле­зе­ме во крдоно свињи!“ 32И Тој им рече: „Отидете!“ И тие откако излегоа, отидоа во свињите. И одеднаш целото крдо свињи јурна низ стрмнината во морето и се издавија во водата. 33А свињарите побегнаа и кога дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за бесомачните. 34#Дела 16,39И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и кога Го видоа, Го замолија да си замине од нивниот крај.

Currently Selected:

Матеј 8: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy