YouVersion Logo
Search Icon

Второзаконие 3

3
Заземање на царството на Ог
1И се свртевме оттаму и појдовме кон Башан, и башанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, кај Едреи. 2И ми рече Господ: „Не плаши се од него, зашто Јас ќе ти го предадам во раката твоја него, и целиот народ негов, и целата земја негова; и ти ќе направиш со него така, како што направи со амо­рејскиот цар Сион, кој живееше во Есе­вон.“ 3И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот башански, и целиот народ негов; и го разбивме, така што од него не остана никој жив. 4#3 Цар 4,13Тогаш му ги презедовме сите гра­дови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив: шеесет гра­дови, целата област Аргов во царството на Ог Башански. 5Сите тие градови беа утврдени со високи ѕидови, порти и довратници, без да го сметаме големиот број села. 6#2,34И ние ги ставивме под клетва, како што направивме со Сион, царот хеш­бонски, уништувајќи ги сите градови заедно со мажите, жените и децата; 7а целиот добиток и пленот од гра­довите го разграбавме.
Поделба на Галаад
8 # 4 Мојс 21,21-32; Пс 134,11; 135,19-20 И во тоа време ја презедовме од ра­цете на двајцата цареви аморејски земјата од оваа страна на Јордан, од по­токот Арнон па сѐ до планината Ермон; 9Сидончаните го викаат Ермон Си­рјон, а Аморејците го нарекуваат Се­нир. 10Сите градови во рамнината, целиот Галаад и целиот Башан до Салеха и Едреи, беа градови од царството на Ог Башански; 11зашто башанскиот цар Ог беше единствен преживеан од Рефаимците. Ете, неговиот мртовечки сандак сѐ уш­те може да се види во Рава, главен град на Амонците: железен одар – долг де­вет лакти, а широк четири лакти, маш­ки лакти. 12#Ис.Н. 13,15-31И тогаш ја добивме во наследство таа земја, почнувајќи од Ароер, кој е кај потокот Арнон; а половината од планината Галаад со нејзините градови му ја предадов на Рувимовото и на Гадовото племе. 13Остатокот, пак, од Галаад и целиот Башан, царството на Ог, му го преда­довме на половината од Манасиевото племе: целата област Аргов, со цел Башан. Таа земја се нарече Рефаимска. 14Јаир, Манасиевиот потомок, ја презеде целата област Аргов, дури до пределите Гесуриски, и Маахатски, и ги нарече тие башански места Јаирови села, според своето име, како што се викаат тие и до ден денес. 15#1 Мојс 50,23На Махир му го дадов Галаад; 16а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галаад дури до потокот Арнон, земјата меѓу потокот и пределот до потокот Јавок, граница на Амоновите потомци; 17#3,27; 4 Мојс 21,20западната, пак, граница оди по до­лината на Јордан, помеѓу Гениса­ретското Езеро и Мртвото Море, до источното подножје на Фазга. 18Тогаш и ви заповедав, велејќи: „Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја во владение; сите способни за војна, отка­ко ќе се вооружите, појдете пред браќа­та ваши, синовите на Израил; 19само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (а знам дека имате мно­гу добиток) нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов, 20додека Господ Бог не им даде спо­којство на вашите браќа, како и вам, и додека тие не ја наследат таа земја, која Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.“ 21#1,38; 29,3А на Исус му заповедав во она време, велејќи: „Очите твои видоа сѐ, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ќе направи Господ и со сите царства, преку кои ќе минуваш. 22Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас.“
Мојсеј нема да влезе во Ханан
23 # 31,1-8; 4 Мојс 27,12-23 И Му се помолив на Господ во она време, велејќи: 24„Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и (силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја); па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква моќ, каква што е Твојата? 25Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна земја преку Јордан, тие убави планински предели и Ливан.“ 26#1,37Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: „Дос­та, во иднина да не ми говориш повеќе за тоа; 27#4,49; 34,1искачи се на врвот од Фазга и крени ги очите кон морето и кон север, кон југ и кон исток; погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан; 28#1,38дај му совет на Исус, поткрепи го и охрабри го; зашто тој ќе го предводи овој народ и тој ќе им го раздели на­с­ледството во таа земја, на која ти ќе погледнеш.“ 29#4,46; 34,6И останавме во долината спроти Бет-Пеор.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy