YouVersion Logo
Search Icon

1 Петар 1

1
Поздрав
1 # Јн 7,35; Јк 1,1 Петар, апостол на Исус Христос, до повратниците распрснати по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витанија, 2#2 Мојс 24,6-8; Мт 26,28; Рим 8,29; Ефес 1,4; 2 Сол 2,13избрани по предзнаењето на Бог Отецот, и осветени од Духот за пос­луш­ност и попрскување со крвта на Исус Христос: да ви се умножат благодатта и мирот!
Благодарност за даровите на спасението во Исуса Христа
3 # 1,23; Јн 3,3-5; 2 Кор 1,3; Ефес 1,3; 1 Јн 2,29; 3,9 Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исус Христос од мртвите за жива надеж, 4#Мт 6,19-20; Кол 1,5.12; 3,3-4за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас, 5#Јн 17,11; Ефес 1,19; 1 Јн 3,2кои Божјата сила преку верата ве сочувала за спасение, приготвено да се открие во последното време. 6#4,12.13; Јн 16,20; Евр 12,11; Јк 1,2Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија, 7#Зах 13,9; Мал 3,3; Пс 65,10; Рим 2,7; 1 Кор 3,13; Јк 1,3та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за по­фалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос, 8#Јн 20,29; 2 Кор 5,7; 1 Јн 4,20Кого Го сакате, иако не сте Го ви­де­ле, и во Кого верувајќи сега, а не гледај­ќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост, 9примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите. 10#Мт 13,17; Дела 11,27Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата бла­годат. 11#Ис 52,13–53,12; Мт 13,16-17; Лк 18,31; 24,26-27; Дела 1,7; 2,23Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов од­напред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив; 12#Дела 1,8; 1 Кор 2,4; Ефес 3,5; 1 Сол 1,5ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од не­бо­то преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.
Повик на свет живот
13 # Лк 12,35-40 Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте целосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос. 14#4,3; Рим 6,19; Ефес 2,1-3; 4,17-18Како послушни чеда, не постапувај­те веќе според поранешните ваши по­хо­ти, кога бевте во незнаење. 15#Ис 43,1; Мт 5,48; Дела 9,13; 2 Птр 1,3; 1 Јн 3,3Но, по примерот на Светиот, Кој ве повика, и вие самите бидете свети во си­те ваши постапки. 16#3 Мојс 11,44.45; 17,1–22,33; 19,2; 20,7.26Зашто напишано е: „Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.“ 17#5 Мојс 10,17; Ер 17,10; Пс 61,12; Рим 2,6; Евр 11,6; Откр 2,23; 22,12Ако Го нарекувате Отец Оној, Кој непристрасно секому му суди според де­лата, тогаш поминувајте го времето на својот живот во страхопочит, 18#Ис 52,3; 1 Кор 6,20; 7,23; Ефес 4,17знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши, 19#Јн 1,29; Дела 20,28; Евр 9,12; Откр 5,9туку со скапоцената крв на непо­рочното и чисто Јагне – Христос, 20#Јн 17,24; Гал 4,4; Евр 1,2Кој беше предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во пос­ледно време заради вас, 21#Рим 4,24; 10,9кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
Живејте како Божји чеда во љубов!
22 # Јн 13,34; 17,17; Рим 1,5; 12,10 Откако ги очистивте душите свои со послушност кон вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, са­кајте се еден со друг постојано со чис­то срце, 23#1,3; Дан 6,26; Евр 4,12; Јк 1,18; 1 Јн 3,9како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој живее во сите векови. 24#Ис 40,6-8; Јк 1,10-11Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава – како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа; 25но словото Господово останува засекогаш. А тоа слово е Евангелието што ви беше објавено.

Currently Selected:

1 Петар 1: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy