Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 14

14
Заговор против Исус
(Мт 26,1-5; Лк 22,1-2; Јн 11,45-53)
1 # 2 Мојс 12,1-2; 5 Мојс 16,1-8; Мт 12,14; Дела 9,29 По два дни беше Пасха и празникот Бесквасници. А првосвеш­тениците и книжниците сакаа да Го фа­тат на измама и да Го убијат; 2но велеа: „На празникот не, за да не стане бунт меѓу луѓето.“
Помазанието во Витанија
(Мт 26,6-13; Јн 12,1-8)
3 # Мт 21,17; Лк 7,37 А кога беше Тој во Витанија, во ку­ќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со шишенце скапоцен и чист нардов мирис и, кога го искрши шишенцето, го изли мирисот врз главата Негова. 4А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирисот да се растура? 5Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа. 6Но Исус рече: „Оставете ја неа; зош­то ја буните? Таа направи добро дело за Мене! 7#5 Мојс 15,11Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш. 8#16,1; Јн 19,40Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за по­гребение. 9#1,1; 16,15; Мт 24,14; Кол 1,5-6.23Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“
Предавникот Јуда
(Мт 26,14-16; Лк 22,3-6)
10 # Мт 26,2.47; Јн 6,71 Тогаш Јуда Искариот, еден од два­наесетте, отиде кај првосвештениците за да им Го предаде. 11А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.
Подготвување на Пасхалната вечера
(Мт 26,17-19; Лк 22,7-13)
12 # 2 Мојс 12 Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да оти­деме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“ 13#1 Сам 10,2-5И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве сретне еден човек, што ќе носи вода во стомна; одете по него. 14И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘ 15И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.“ 16И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им бе­ше рекол, па ја приготвија Пасхата.
Исус го посочува својот предавник
(Мт 26,20-25; Лк 22,14; Јн 13,21-30)
17А кога се стемни, Тој дојде со два­наесетте. 18#Пс 41,9И кога седеа и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.“ 19Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да прашуваат: „Да не сум јас?“ 20А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чи­нијата. 21#Мт 8,20Но Синот Човечки заминува, како што е пишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Чо­веч­ки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не се беше родил!“
Воспоставување на Причеста
(Мт 26,26-30; Лк 22,14-20; 1 Кор 11,23-26)
22 # Мт 14,19; 15,36 И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; тоа е Моето тело.“ 23#1 Кор 10,16Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. 24#2 Мојс 24,8; Зах 9,11; Евр 9,20И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина. 25#Ис 25,6; Лк 13,29Вистина ви велам: Јас нема да пијам веќе од лозовиот плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“ 26#11,1; Лк 22,39Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.
Петар ќе се одрече од Исус
(Мт 26,31-35; Лк 22,31-34; Јн 13,36-38)
27 # 6,34; Зах 13,7; Мт 5,29; 26,56 И им рече Исус: „Сите ќе се соб­лаз­ните заради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат овците.‘ 28#Мт 28,7.10.16Но после, кога ќе воскреснам, ќе отидам во Галилеја пред вас.“ 29А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“ 30#14,71-72Му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“ 31#Јн 11,16Но тој уште повеќе тврдеше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите така рекоа.
Молитвата во Гетсиманија
(Мт 26,36-46; Лк 22,39-46)
32 # Јн 18,1 Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“ 33#5,37; 9,2; Мт 17,1И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јо­ван; се замисли и почна да тагува, 34#Јона 4,9; Пс 42,5.11; 43,5па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете буд­ни!“ 35#Јн 12,27; 13,1; 17,1И штом се оддалечи малку, се фрли на земја и се молеше, за да Го одмине овој час, ако е можно; 36#Мт 6,10; 20,22; Јн 5,30; 6,38; Рим 8,15; Гал 4,6и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; се­пак не како Јас што сакам, туку како Ти!“ 37Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден? 38#Мт 6,13; 26,41; Лк 11,4; Рим 7,5Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ 39И пак отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите зборови. 40#Лк 9,32А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат. 41#Јн 2,4; 7,30; 12,23.27; 13,1; 17,1И по третпат дојде и им рече: „Са­мо спиете и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници. 42Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“
Исусовото приведување
(Мт 26,47-56; Лк 22,47-53; Јн 18,3-12)
43 # 14,10; Мт 10,4 И веднаш, додека Тој сѐ уште гово­реше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со ста­пови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините. 44А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“ 45#9,5; Лк 15,20Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: „Рави!“ И Го целива. 46А тие ги кладоа рацете свои на Не­го и Го фатија. 47#Јн 7,30.44; 18,10.26Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на прво­свештеникот и му го отсече увото. 48Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите? 49#Лк 19,47; 21,37Секој ден бев со вас во храмот и по­учував, и не Ме фативте. Но, нека се ис­полнат Писмата.“ 50#14,27; Зах 13,7; Јн 16,32И откако Го оставија, сите се разбегаа. 51А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија. 52#Амос 2,16Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
Исусовото сослушување пред Синедрионот
(Мт 26,57-68; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
53 # 11,27 И Го доведоа Исус кај прво­свеш­те­никот, и се собраа таму сите прво­свеш­теници, старешини и книжници. 54А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на прво­свеш­теникот; па седна со слугите и се гре­е­ше на огнот. 55Првосвештениците и целиот Синед­рион бараа сведоштва против Исус, за да Го убијат, и не наоѓаа. 56Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа. 57И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи: 58#15,29; Јн 2,19.21; Дела 6,14; 2 Кор 5,1„Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“ 59Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво. 60И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што све­до­чат овие против Тебе?“ 61#Ис 50,6-8; 53,7; Мт 14,33; Рим 1,25; 1 Птр 1,3Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“ 62#Пс 110,1; Дан 7,13; Мт 8,20Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како иде на обла­ци­те небески.“ 63#1 Мојс 37,30; Ест 4,1; Мт 26,65А првосвештеникот, пак, ја раскина облеката своја, рече: „Зошто ни се по­веќе сведоци? 64#3 Мојс 24,16; Мт 9,3; Јн 19,7Чувте како хули на Бога; што мислите?“ И сите тие се согласија дека за­служува смрт. 65#15,19; Ис 50,6; Мт 27,30А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го уди­ра­ат и да Му велат: „Проречи!“ И слу­гите Го удираа по образите.
Петровото одрекување
(Мт 26,69-75; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)
66Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот, 67#Дела 4,13па, штом го виде Петар како се грее, погледна во него и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“ 68#Мт 2,23Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел. 69Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“ 70Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“ 71#Дела 23,12.14.21А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Ко­го говорите!“ 72#14,30; Јн 13,38И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да за­пее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.

Селектирано:

Марко 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност